Достапни линкови

Падот на еврото без големо влијание во Македонија


Падот на еврото во однос на доларот може да влијае позитивно на фирмите што извезуваат во доларски подрачја, но нема да влијае на извозот во евро-зоната, велат експертите.

Падот на еврото во однос на доларот на светските берзи нема негативно да се одрази врз домашната економија и денарот, велат експертите со кои разговаравме. Причината за најниската вредност не еврото во последните четири месеци се должи на изборите во пооделни земји во Европа, особено случувањата во Грција и економската криза со која се соочува.
Доколу Народна банка смета дека ова ќе биде на краток рок, можеби моментално нема да се направи некоја промена на девизниот курс.
Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи.

Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека во нашата земја денарот е врзан со еврото со фиксен девизен курс и Народната Банка е таа што треба да одлучи дали е потребно да бидат преземни некои мерки. Но, според неа, сличните ситуации во минатото покажале дека курсот на еврото останал ист во однос на денарот.

„Доколу Народна банка смета дека ова ќе биде на краток рок, можеби моментално нема да се направи некоја промена на девизниот курс. Меѓутоа ако оцени на долг рок дека ќе има промени и ќе се одржи оваа нерамнотежа значи можеби тоа ќе се пренесе на самиот однос денар-евро во нашата земја“, вели Хаџимустафа.

Оваа блага девалвација само може позитивно да влијае и да го сврти извозот на оние компании кои што можат работат и да наплатуваат во долари. Најголемиот дел од нашиот извоз е на европското подрачје и се наплатува во евра. Многу е помал делот каде се наплатува во долари. Така да не се очекува некој поголем ефект од тоа.
Љубе Трпески, универзитетски професор, поранешен гувернер на Народната банка.
Поранешниот гувернер на Народна банка Љубе Трпески вели дека поради поврзаноста на денарот со еврото автоматски се врши девалвација на денарот наспроти доларот. Тоа ќе го потикне извозот од Македонија во земјите кои наплатуваат во долари.

„Оваа блага девалвација само може позитивно да влијае и да го сврти извозот на оние компании кои што можат работат и да наплатуваат во долари“, вели Трпески.

Во подрачјата, пак, каде што се работи со евро нема да има ефекти, додава Трпески.

„Најголемиот дел од нашиот извоз е на европското подрачје и се наплатува во евра. Многу е помал делот каде се наплатува во долари. Така да не се очекува некој поголем ефект од тоа“, додава Трпески.

Според експертите, доколку на долг рок се оцени дека ќе постои намалена вредност на еврото тогаш ќе се направи пеглање на домашниот пазар, но тоа зависи од натамошниот развој на настаните во евро зоната.

Последните податоци на Евростат покажаа дека еврозоната за малку избегнала рецесија, благодарение на засилениот извоз на Германија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG