Достапни линкови

40 години Женски младински хор


Женскиот младински хор.
Женскиот младински хор.

Со концерт на духовна музика, што ќе се одржи во храмот Пресвета Богородица во Скопје утревечер од 19.30 часот, ќе започне серијата на настани со кои ќе биде одбележана 40-годишнината од делувањето на Женскиот младински хор.

Формиран 1972 година од професорот Драган Шуплевски, Женскиот младински хор при МКЦ од Скопје во изминативе четири децении израсна во еден од најуспешните и најнаградувани хорски ансамбли во земјава и вистински репрезент на нашата музичка култура во глобални рамки.
Навистина голем успех е за 40 години воопшто да се задржи да функционира такво нешто, а камо ли кога станува збор пак за прикаска која сиве овие години успешно функционира.
Сашо Татарчевски, диригент на Женскиот младински хор.

Диригентот Сашо Татарчевски.
Диригентот Сашо Татарчевски.
Со хорот, покрај доајенот кој на два пати бил негов диригент, раководеле и Запро Запров и Емилија Лале, а во последениве осум години оваа должност му е доверена на Сашо Татарчевски. Под негово раководство, овој ансамбл минатата година го освои трофејот Бохуслав Мартину и доби диплома за најдобра изведба на обврзна композиција на Интернационалниот хорски фестивал во Пардубице во Република Чешка – две од навистина многуте значајни награди што генерациите хористки со својата извонредна интерпретција ги освоиле на натпреварите на кои присуствувале.
Нашата соработка со младиот композитор Александар Пејовски на обострано огромно задоволство ќе продолжи и годинава.
Сашо Татарчевски, диригент на Женскиот младински хор.

Од таму не чуди што Татарчевски вели дека е навистина голем успех цели 40 години да се задржи еден таков аматерски ансамбл во кој членуваат девојки со различни професии и згора на тоа да се изгради и одржува реноме на кое можат да му позавидат многу професионални институции од областа на културата кај нас.

„Навистина голем успех е за 40 години воопшто да се задржи да функционира такво нешто, а камо ли кога станува збор пак за прикаска која сиве овие години успешно функционира“, вели Татарчевски.

По концертот на духовна музика што ќе се одржи во храмот Пресвета Богородица, Женскиот младински хор прославата на големиот јубилеј ќе ја продолжи со концерти посветени на македонските композитори кои през годините биле на репертоарот на овој ансамбли, а серијата настапи ќе биде заокружена наесен со една праизведба на дело од домашен автор.

„Нашата соработка со младиот композитор Александар Пејовски на обострано огромно задоволство ќе продолжи и годинава. После изведбата на „Дискреирање мантра“, односно еден циклус композиции коишто ги снимивме и на ЦД, композиторот напиша специјално за хорот уште неколку композиции во неговиот препопзнатлив стил и тоа е повторно композиција за нестандарден состав, женски хор, инструментален состав.“

Конечно желбата на девојките кои сега членуваат во Женскиот младински хор е и во годината кога ја прославуваат четвртата деценија од постоењето на овој ансамбл да ја збогата збирката награди од големите хорски натпреварувања во Европа, но согласно кризата големо прашање е нивното учество на некои од нив.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG