Достапни линкови

Економскиот раст виси на конец


Архивска фотографија: Шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру, министерот за финансии Зоран Ставрески, и гувернерот на Народна банка Димитар Богов.
Архивска фотографија: Шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру, министерот за финансии Зоран Ставрески, и гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

Растот на БДП-то за последниот квартал минатата година од 0,2 проценти повторно го отвора прашањето дали владините очекувања за раст на економијата од над 4 проценти годинава се реални?

Растот на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал лани се проценува на 0.2 проценти, што повторно го покренува прашањето дали владините очекувања за раст на економијата од над 4 проценти годинава се реални? Економскиот аналитичар Шенај Хаџимустафа вели дека економскиот раст е условен од повеќе фактори, меѓу кои и потрошувачката на населението, достапноста до кредити, покриеноста на увозот со извоз и надворешните влијанија.
Не можеме да кажеме, затоа што навистина ние и во 2009-та планиравме 5 проценти раст, меѓутоа видовме дека самите случувања во Европа и во светот навистина влијаеа врз нашата економија, односно влијаеше да се намали стопанската активност, да се зголеми невработеноста, да се ограничат примањата на луѓето кои живеат тука, така да сето тоа влијае како понатаму ќе трошиме.
Шенај Хаџимустафа, економски аналитичар.

„Имајќи ја предвид глобалната состојба во глобала и во Европа, дека ние би можеле да сметаме дека ќе имаме некој позначаен економски раст и ако се земат предвид и самите резултати кои минатата година ги остваривме, обично секогаш првиот квартал е со пониски резултати затоа што тоа е од еден период кога самата стопанска активност во земјата е намалена.“

Дали со сигурност може да се каже дека годинава ќе се остварат владините предвидувања за раст на економијата од 4.5 проценти? Хаџимустафа одговара:
Споредба на проекциите за економски раст на македонија за 2012 година од различни институции
Споредба на проекциите за економски раст на македонија за 2012 година од различни институции

„Не можеме да кажеме, затоа што навистина ние и во 2009-та планиравме 5 проценти раст, меѓутоа видовме дека самите случувања во Европа и во светот навистина влијаеа врз нашата економија, односно влијаеше да се намали стопанската активност, да се зголеми невработеноста, да се ограничат примањата на луѓето кои живеат тука, така да сето тоа влијае како понатаму ќе трошиме.“

Дали стопанството има капацитет да ги задоволи предвидувањата на власта, согласно кои се кројат и расходите од народната каса? На ова прашање одговара првиот човек на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендрес Кучи.
Затоа што ако Владата почне со тие нивни проекти, амбизиозни би рекол, преамбициозни, и со такви нефункционални трошање на буџетите, тешко на нас, тешко на нас, не може да не исправи не знам кој.
Мендрес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.

„Собраните сретства по однос на даноци и придонеси, речиси се преполовени, што значи дека ако имаме таква ситуација во првиот квартал, не знам која работа ни треба во овие услови во кои имаме најава од разни експерти кадешто се очекува и влијанието на економската криза која е надворешна. Ова што е сега е наша реална, а ефектите од надворешната ги очекуваме некаде во шестиот месец.“

Реално ние очекуваме ребаланс на Буџетот, вели Кучи.

„Затоа што ако Владата почне со тие нивни проекти, амбициозни би рекол, преамбициозни, и со такви нефункционални трошање на буџетите, тешко на нас, тешко на нас, не може да не исправи не знам кој.“

Инаку Народната банка кон почетокот на годинава ги корегираше очекувањата за економски раст на 2.4 отсто, за 0.6 проценти помалку од првобитното предвидување. Европската банка за обнова и развој првично предвидуваше дека македонската економија ќе порасне за 2,4 проценти, пред да ја промени проекцијата на 1,8 насто. Проекциите за економски раст на земјите од регионов се од 0,5 до 1,9 отсто.
XS
SM
MD
LG