Достапни линкови

И по Путин - Путин


Владимир Путин го освои и третиот мандат во Кремљ и ќе владее до 2018 година. Но, сега доаѓа потешкиот дел. Имено тој се соочува со охрабрено движење против него, со поделена елита и економија која има голема потреба од реформи.

Кога премиерот Владимир Путин вчера гласаше, случајно неговиот лист хартија падна на подот. Откако замина од изборното место, активистките од женската група Фемен се појавија, како и обично полуголи и се обидоа да ја украдат гласачката кутија извикувајки „Путин е крадец“ пред да бидат истуркани од страна на полицијата. Мал инцидент, но голема симболика, пишува нашиот дописник од Брајан Витмор.
Путин ја доби претседателската функција, како што се претпоставуваше. Но, тоа не значи дека ќе си го поврати авторитетот од првите два мандати.
Николас Гвоздев, политички аналитичар.

Путин тврдеше дека ќе победи во првиот круг од изборите, на кои патем, според тврдењата на неговите противници и независните набљудувачи, имало нарушувања и измами. Но, сепак, се чини дека неговата аура на непредизвикан авторитет што ги карактеризираше првите два мандата во Кремљ се избледени, велат аналитичарите.

Николас Гвоздев е долгогодишен набљудувач на Русија и професор за меѓународната безбедност во американскиот Поморски воен колеџ:

„Путин ја доби претседателската функција, како што се претпоставуваше. Но, тоа не значи дека ќе си го поврати авторитетот од првите два мандати.“

За разлика од неговиот подем на власт како спасител кој ќе донесе стабилност во Русија по хаосот на 1990-тите, Путин сега се соочува со намален авторитет, велат аналитичарите.

​Тој мора да владее во земјата во која значителен број на младите од средната класа го гледаат неговото враќање на власт како нелегитимно и со елита која е поделена околу потребата за реформи и модернизизација на економијата и политичкииот систем.

„Мислам дека Путин доби битката, но ја загуби војната. Прво затоа што ветувањата направени во изборната кампања се неодржливи, со што ќе ги разочара неговите поддржувачи. Тој исто така ја загуби војната затоа што не може да ги убеди демонстрантите дека Русија е на пат кон модернизација и плуралистички политички систем“, вели Едвард Лукас, долгогодишен дописник на британскиот неделник „Економист“.

Многумина во руската елита сметаат дека земјата треба да ја намали зависноста на развојот од производството на нафта и гас и дека авторитативниот политички систем треба да се отвори и либерализира. Но, таквите реформи не им се по ќеф на кадарите на службата за безбедност, односно ветераните блиски до Путин.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG