Достапни линкови

Големи антивладини демонстрациии во Русија


Повеќе од 100 илјади луѓе протестираа „За Русија без Путин“ во центарот на Москва. Во истовреме имаше и провладини демонстрации.

Десетици илјади луѓе се собраа во Москва на температури од минус 20 степени да побараат крај на владеењето на премиерот Владимир Путин, кој е кандидат и на мартовските претседателски избори.
Прво: итно ослободување на политичките затвореници и на оние што се незаконски осудени. Второ: Поништување на фалсификуваните избори за Државаната Дума. Трето: Разрешување на [шефот на изборната комисија Владимир н.з.] Чуров и истрага за неговите активности, како и истрага за сите изборни нарушувања и фалсификати и да се најдат одговорните за тоа.
Владимир Рижков, опозициски лидер.

Огранизаторите велат дека околу 100 илјади луѓе излегле на протестниот марш „За фер избори“ во центарот на Москва, кој е трет масовен протест во Москва по парламентарните избори што се одржаа на 4 декември минатата година. Партијата Единствена Русија на премиерот Путин победи, но опозицијата тврди дека изборите биле лажирани.

Полицијата, која секогаш ја потценува бројноста на опозициските собири, соопшти дека на протестот има околу 23 илјади луѓе.

На протестот зборуваа лидери на опозицијата и познати личности од културниот живот. Водечкиот опозициски лидер Владимир Рижков ја прочита листата на барања.

„Прво: итно ослободување на политичките затвореници и на оние што се незаконски осудени. Второ: Поништување на фалсификуваните избори за Државаната Дума. Трето: Разрешување на [шефот на изборната комисија Владимир н.з.] Чуров и истрага за неговите активности, како и истрага за сите изборни нарушувања и фалсификати и да се најдат одговорните за тоа“, рече Рижков, додека толпата одобрувачки скандираше.

​Според него, на протестот имало околу 120 илјади луѓе. Заедно против Путин протестираат либералите, националистите, комунистите и други обични граѓани. Лидерот на прозападната партија Јаблоко, Григори Јавлински, зборувајќи на протестите ја посочи политичката разноликост на присутните.

​„Да, ние сите сме различни, но сите сме со иста боја, бојата на руското знаме. Заедно ја браниме иднината на нашата земја.“
На собирот настапи и рок-иконата Јури Шевчук, а зборуваше и познатиот писател Борис Акуњин.

Да, ние сите сме различни, но сите сме со иста боја, бојата на руското знаме. Заедно ја браниме иднината на нашата земја.
Григори Јавлински, лидер на опозициската партија Јаблоко.
Милијардерот Михаил Прохоров, кој најави дека ќе му се спротивстави на Путин на претседателските избори во март, зборуваше на државната телевизија, откако маршираше со демонстрантите во Москва.

„Мислам дека [Путин н.з] е на власт предолго. Тој треба да им отстапи простор на помладите и тогаш промените за кои [демонстрантите н.з] сонуваат ќе почнат да се спроведуваат во нашата земја“, рече Прохоров.

​Во истовреме во Поклонаја Гора во западна Москва се оджраа провладини протести. Полицијата соопшти дека на про-Путин демонстрациите имало 138 илјади луѓе, но нашиот дописник известува дека нема повеќе од 15 илјади поддржувачи. Имаше и извештаи дека властите доведувале демонстранти со автобуси и дека на наставниците од училиштата им бил вршен притисок да присуствуваат на собирот.

Во Москва не се очекуваат апсења, но на протестите ширум Русија демонстрантите често се брутално растерувани од полицијата.
Анти Путин протести во Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:12 0:00
Претходно, во источна Русија се одржаа анти-владини демонстрации. Стотици луѓе демонстрирале во Владивосток, Кабаровск и Јужно Сахалин на Далечниот Исток на земјата.

Мислам дека [Путин н.з] е на власт предолго. Тој треба да им отстапи простор на помладите и тогаш промените за кои [демонстрантите н.з] сонуваат ќе почнат да се спроведуваат во нашата земја.
Михаил Прохоров, кандидат за претседател на Русија.
Тие, како и во Москва, го изразуваат незадоволството од злоупотребите на изборите на 4 декември на кои победи Единствена Русија на премиерот Владимир Путин.

Протести се одржуваат и во Република Башкоторстан, дел од Руската Федерација. Активистот за човекови права Илдар Исангулов, на протестите во главниот град на Републиката, Уфа, рече дека тие бараат ослободување на политичките затвореници.

„Списоци со политички затвореници сега се прават во Москва. Ние треба да составиме слична листа“, рече Исангулов, додека демонстрантите извикуваа:

„Ура! Слобода!“

Антивладиното движење, кое е чудна коалиција од националисти, комунисти, либерали и активисти за правата на хомосексуалците е критикувано поради тоа што нема конкретна политичка визија за иднината на Русија, како алтернатива на владеењето на Путин.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG