Достапни линкови

ДЛУМ организира изложба на маски


Изложба на маски.
Изложба на маски.

Во пресрет на карневалските празнувања, посебно на оној во Венеција, ДЛУМ организира изложба на маски во сопствената Галерија 8. Хуманитарната постановка на која ќе учествуваат неколкумина македонски уметници ќе се случи в сабота, на 11 февруари во 22 часот.

Касиопеја Наумовска, Симонида Филиповска Китановска, Марија Светиева, Оливера Велкова, Андријана Мациев, Билјана Билбиловска и Денис Тенев се уметниците чии насликани маски ќе се најдат на изложбата што ќе се случи оваа сабота во Галерија 8.
Ова е идеја што се провлекува во последите сигурно 3-4 години низ Друштвото на ликовни уметници и на многу досегашни состаноци и средби се пројавувала идејата да направиме нешто што е можеби поблиску до применетите уметности, така да сега нашите колеги креативци изразија спремност да работат на темата дадена, односно маска.
Тања Балач, претседателка на ДЛУМ.

Се работи за проект што е инициран од претстојните карневалски случувања и посебно од карневалот во Венеција кој од 1700 година е природен еталон за потребата на човекот скриените вистини да ги соопштува без страв, но само зад маската, неговиот втор одраз што го штити од препознавање.

„Ова е идеја што се провлекува во последите сигурно 3-4 години низ Друштвото на ликовни уметници и на многу досегашни состаноци и средби се пројавувала идејата да направиме нешто што е можеби поблиску до применетите уметности, така да сега нашите колеги креативци изразија спремност да работат на темата дадена, односно маска и нормално секој со своите можности и со својот креативен потенцијал да даде се од себе и да ја направи најоригиналната маска“, вели Тања Балач претседателка наДЛУМ.

Од своја страна, пак, уметницата
Касиопеја Наумовска, за инспирацијата да се впушти во овој начин на претставување на нејзиното сликарство истакнува дека е различноста од она што таа го работела досега.

„Јас се обидов да направам еден спој помеѓу нашето, локалното да го
Јас се обидов да направам еден спој помеѓу нашето, локалното да го наречам сликарство или моето, и универзалното или евентуално карневалското сликање, далеку од тоа да биде копија а сепак да внесам дел од мојот начин, моето видување.
Касиопеја Наумовска, сликарка.
наречам сликарство или моето, и универзалното или евентуално карневалското сликање, далеку од тоа да биде копија а сепак да внесам дел од мојот начин, моето видување и моето доживување на карактери, на ликови, на боја, темперамент, сликарство.“

И, младата Билјана Билбиловска во ваквата творечка авантура најнапред тргнала инспирирана од Венецијскиот карневал, но вели дека потем многу послободно влегла во процесот на креирање на втората маска.

„На почетокот се обидов да пристапам декоративно во однос на сликањето на маската, но за втората маска се подослободив и негував сликарски пристап, значи малку послободен пристап.“

Собраните средства од продажбата на овие оригинални уметнички дела се наменети за Фондот на децата што боледуваат од аутизам, а за иднината на овој ликовен проект Тања Балач со дополна:

„Се надевам дека догодоина многу поорганизирано ќе настапиме, сигурно ќе се јавиме и со поголемо членство на автори кои се расположени да работат на оваа тема.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG