Достапни линкови

Кога зградите стануваат скулптури


Дело од ликовната изложба на младиот уметник Андреа Шимбов.
Дело од ликовната изложба на младиот уметник Андреа Шимбов.

Архискулптура е насловена третата самостојна изложба на младиот уметник Андреа Шимбов, што ќе биде отворена на 18 јануари во МКЦ. Ќе бидат изложени една инсталација и десетина објекти, а поставката е дел од второто одбележување на глобалниот настан РОДЕНДЕН НА УМЕТНОСТА.

Архитектонските модели како чисто ликовно изразување кај Шимбов целосно го истиснуваат функционалното, ставајќи ја во преден план скулптурата како уметничка единка, истовремено претставувајќи ги релјефите не како можни функционални објекти туку како единствени комплексни дела.
Изложбата негова е како глас против недостатокот и заостанатоста, истовремено е борба за напредок и иновација во време во кое технологијата преовладува..
Жарко Каранфилов, историчар на уметност.

Ова ќе го запише историчарот на уметност и новинар Жарко Каранфилов во каталогот за изложбата Архискулптура на младиот уметник Андреа Шимбов што ќе биде отворена во Галеријата на Младинскиот културен центар. Говорејќи за претставената инсталација и 10-те објекти Каранфилов нагласува дека тие претставуваат уметнички крик во борбата за напредок и иновација.

„Изложбата негова е како глас
Андреа Шимбов
Андреа Шимбов
против недостатокот и заостанатоста, истовремено е борба за напредок и иновација во време во кое технологијата преовладува.“

Од своја страна, уметникот забележува дека неговата цел е со делото да нагласи дека архитектурата е еден вид уметничка инсталација.

„Како појдовна точка јас ја употребувам архитектурата и сакам
Како појдовна точка јас ја употребувам архитектурата и сакам да нагласам дека архитектурата е многу слична со скулптурата но луѓето не ја доживуваат така, сакам да нагласам малку да се промени мислењето и архитектурата да се гледа како уметничка инсталација.
Андреа Шимбов, уметник.
да нагласам дека архитектурата е многу слична со скулптурата, но луѓето не ја доживуваат така, сакам да нагласам малку да се промени мислењето и архитектурата да се гледа како уметничка инсталација. Затоа што ние живееме во градови, во населени места каде ние се движиме меѓу скулптурите, јас објектите и зградите ќе третирам чисто како ликовно изразување како скулптури.“

Инаку, Андреа Шимбов во 2010 година дипломира како најдобар студент во класата на професор Беди Ибрахим, отсек вајарство, на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Неговата нова самостојна постановка Архискулптура е трета во низата во која се уште Метафора на градот одржана во Галерија 7 во Скопје и Град во Заводот и музеј во Битола.

Шимбов е член и на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, има учествувано на повеќе групни изложби, на Меѓународното графичко триенале и на Графичкото биенале во Варна и има освоено откупна награда на конкурсот за избор на идејно решение за спомен одбележјето на Св. Наум Охридски.

По претставувањето во галеријата на МКЦ, уметникот има намера со истите дела да тргне на пат во руралниот дел од земјата.

„Најпрво како идеја ми стои истите овие инсталации и објекти да ги инволвирам во некоја тотално неурбана средина да ги поставам, да дадам еден акцент на урбаното во една неурбана средина.“

Кон ова само уште информацијата дека Андреа Шимбов во наредниот период планира да и се претстави и на публиката во соседните земји – Косово, Србија и Бугарија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG