Достапни линкови

Спортот обединува


Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ
Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ

Во Македонија деца пеат за бела раса, бело море. А на трибини некој користи еуфорија за да пушта пораки кои што сепак не го претставуваат националното, колективното чувство за оваа нова енергија, промена на нашата патека, пишува за РСЕ Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ

По втор пат во период пократок од шест месеци сме сведоци на радост, восклик и среќа на лицата на многу Македонци. Не само ние, и соседите ни се радуваат и се восхитуваат на нашата енергија и сплотеност и како што тргнало, допрва ќе навиваат за Македонија. Цела Европа по втор пат е сведок на тоа, како една мала непозната спортска нација за втор пат по ред ниже успеси на едно европско првенство, но овој пат во друг спорт. Кошаркарите ја изненадија истата таа Европа со својата префинетост и сплотеност, со својата борбеност, сега ракометарите се поставија како столб за издржлива и стабилна репрезентација. Веќе спортската јавност знае за малата држава и нејзината непобедлива навивачка Фаланга. Македонската фаланга. И оние југоносталгичари кротко се радуваат за тоа како сега Белград ко да е Македонски, а не обратно како многуте години во минатото.

Унија од души од различни генерации споени во едно, на исто место, во правилно време, а причината – Македонија. Од бабите и дедовците, до дечињата сите до еден насмеани ја следиме промената на патеката на Македонската приказна, благодарни за подготвеноста и психофизичката сила на нашите спортисти. Цела Македонија, нашите во дијаспората, голем број на странци, а за волја на вистината и најблиските соседи се радуваат, полни се енергија и бликаат од среќа кога успеваат Нашите спортисти. Репрезентативците на повеќе европски земји, кои претходно биле супериорни кон нас, сега мирно сведочат на тоа како црвено-жолти трибини одекнуваат со име старо со векови. Сега, во 2012 година, сите се радуваат и имаат симпатии кон малата за нив спортска нација, а меѓу нас сеуште има луѓе кои што префрлаат за терминот "Гоцева раса“... Значи пак, на некој тука меѓу нас му смета нешто што си е сепак, наше.
Недозволиво е да кажете дека Македонците не знаат која е „Гоцевата раса“. На други пак им смета целата еуфорија, која ја предизвикаа ракометарите со своите успеси и бараат терапија затоа што неможат да ја издржат „навивачката егзалтација“. Користење и манипулирање на новинарскиот сектор од тие истата таа страна, ја доведе оваа професија до она што е денес или како што нивни поранешни шефови кажуваа – и новинарството се претера. Треба да се засрамат душманите.


Недозволиво е Македонец, а тој уште да ти бил и политичар, да го потценува својот народ говорејќи дека кога пееме "ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ" не знаеме што пееме, туку пуштаме глас само оти песната ни била певлива.
Недозволиво е да кажете дека Македонците не знаат која е „Гоцевата раса“. На други пак им смета целата еуфорија, која ја предизвикаа ракометарите со своите успеси и бараат терапија затоа што неможат да ја издржат „навивачката егзалтација“. Користење и манипулирање на новинарскиот сектор од тие истата таа страна, ја доведе оваа професија до она што е денес или како што нивни поранешни шефови кажуваа – и новинарството се претера. Треба да се засрамат душманите.

Спортска нација сме, јасно се докажува и потврдува деновиве, за сите нив - кои што и ова им смета. А децата пеат, возрасните запеаа, и странците извикаа Излези Момче!
Сведоци сме на тоа како Европјаните како да се гордеат со нас, потајно но сепак се гордеат. Се гордеат на нашите успеси, било тоа да се спортски, економски или пак од областа на меѓународното право. Полно со чувства се вика за Солунското поле од младите чиишто баби и дедовци сепак биле протерани, за да некој денес ја навредува нивната песна, а добро знаеме од постарите, кој пее, зло не мисли.

Во средината на Македонија деца пеат за бела раса, бело море. А на трибини некој користи еуфорија за да пушта пораки кои што сепак не го претставуваат националното, колективното чувство за оваа нова енергија, промена на нашата патека. Не сите ни се радуваат на нашиот соживот и не треба да дозволиме тој соживот, кој се гради постојано и насекаде, почнувајќи од Собранието и институциите па се до улиците и трибините, да дозволиме со ситни провокации да биде загрозен.
Од древните, па до сега носиме семе на едно со целиот свет, космополитска свест со простор за сите. Иако сме малку, на трибините покажуваме како се чувствуваме сите, заедно со нашите спортски амбасадори, низ цела Македонија фаланга, а во домовите радост. И тоа чувство никој не може да го негира, оти е свето. Па зар не го видовте изразот на лицето на Претседателот на Македонија кога изјави дека истата таа измачена Македонија ги чека своите нови херои, во ова ново време се исправа патеката соодветна на нашата, вековна Македонска приказна - нештата си доаѓаат на вистинското место, се надеваме дека ова е вистинското време. Време на новата енергија за новото време.

Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ
XS
SM
MD
LG