Достапни линкови

ТРИУМФ де МИЗЕРИЈА


Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

За пропагандата на Груевски секој оној што е против проект Скопје 2014 е шарлатан и работи за туѓи интереси и нема разбирање за страстите на премиерот да си гради. Пишува Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Новогодишните празници сите ние генерално ги прифаќаме како убави денови, во мислите на човекот будат убави чувства и конечно наоѓаме време да споделиме пријатни мигови со семејството, со најблиските. За жал убавите моменти во Македонија брзо ги коси времето и повторно се враќаме во суровото секојдневие и ја започнуваме борбата со секојдневните грижи и проблеми.

Но оваа година ваквите пријатни мигови малку порано завршија. На големиот христијански празник Бадник беше отворена Триумфалната Капија, отворањето се следеше во живо на националните медиуми. Голем настан проследен со говор на премиерот во присуство на едвај 200 јадни вмровчиња, накиснати, ама што да правиш, наредба си е наредба. Говорите на премиерот не знам дали и треба да се коментираат ... за пропагандата на Груевски секој оној што е против проект Скопје 2014 е шарлатан и работи за туѓи интереси и нема разбирање за страстите на премиерот да си гради. „Дела кои ќе останат во вечноста, запаметени долго откако ќе не нема...“, хммм на кого ли ми личат вакви изјави? Садам? Ким Јонг? Хитлер? Примерите се многу и никаде во овие земји народот не живеел добро, туку секаде граѓаните биле или донесени до просјачки стап или однесени во војни. Човек што сака да остане запаметен во историјата по своите изградени дела на сметка на измачениот народ не може да мисли добро за државата и народот. Ваквите луѓе мислат добро само за себе.

Париз има Триумфална порта, но има и триумф и тоа 200 години пред ,,нашиот,, Но Париз е Париз и сигурно стандардот на живот не го прави портата. Туку можностите кој што ги имаат граѓаните. Перспективата и школувањето на младите. Сигурноста за живот на сите и бенефиците на оние на кој им се потребни.
Бидејќи очигледно сме заслепени од лудилото во Македонија, за да ни дојде како отрезнувачки шамар на интернет се појави статија од угледниот британски весник Економист. ПРВИ СМЕ!
Е први сме де, ама во индексот на мизерија сме први. Е како стигнавме да сме први?!? Многу лесно - ја земаат стапката на невработеност + инфлацијата и се добива степенот на мизерија во која живеат луѓето. Иако навистина е непријатен зборот мизерија сепак овој збор идеално ја отсликува реалноста во Македонија.


Е први сме де, ама во индексот на мизерија сме први. Е како стигнавме да сме први?!? Многу лесно - ја земаат стапката на невработеност + инфлацијата и се добива степенот на мизерија во која живеат луѓето. Иако навистина е непријатен зборот мизерија сепак овој збор идеално ја отсликува реалноста во Македонија. Секој ден сè поголем број на граѓани ја чувствуваат бедата во Македонија. Статистички 600 илјади граѓани живеат со минимални средства од 100 ден на ден со кои не можат да ги задоволат ни своите основни животни потреби. Сиромаштијата расте, цените растат, платите се исти и стануваме шампиони.

За нашите од владата нормално ова е повторно некој што сака да не зацрни. И како што напиша еден другар на Фејсбук „Ставревски е економист, ама ЕКОНОМИСТ не е Ставрески!“ Тие не знаат дека ние си градиме, ја правиме архитектурата во нашиот град! Не знаат дека имаме мисија да ја смениме историјата и да го нахраниме народот со национализам, оптимизам и подигање на нивото за разбирање на уметноста и уметничките дела на пастирот.

20-те години независност на Република Македонија ги прославивме со Триумфалната порта, ама не бевме единствени. И претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев си отвори порта по повод 20 години од независноста на неговата држава, само што таму гладниот народ се дигна на протести и немири со полицијата.
Кај нас за жал се помина премногу мирно и апатично. Со гладни стомаци народот мирно гледа како се трошат неговите пари. Многу опции не ни преостануваат: или ќе се прекрстиме во Борат или ќе смениме нешто! Останува на нас!

Ќе завршам со една поговорка која важи за луѓето што ни ја водат државата - Со она што паметниот се срами, лудиот се гордее!

Дарко Давитковски, Претседател на Социјал-демократската младина на Македонија.
XS
SM
MD
LG