Достапни линкови

Човековите права се кршат на секој чекор


Преку разновидни проекти и програми за развој, невладините организации се обидуваат да ја подобрат состојбата со човековите права.

Преку разновидни проекти и програми за развој, невладините организации се обидуваат да ја подобрат состојбата со човековите права. Во пресрет на меѓународниот ден за човекови права, десетти декември, претставници на граѓанскиот сектор ги презентираа своите активности во насока на почитување и унапредување на основните права и слободи.

Мора да научиме да работиме заедно за да може да го унапредиме, тоа истото бара ситемски пристап, бара континуирани кампањи, континуирно едуцирање меѓу себе, за тоа какви сме, што сакаме и да ги најдеме заедничките интереси во ова наше општество.
Елена Кочоска, невладина Полио Плус..
Ако пред неколку години хендикепот не се споменуваше, денеска отворено се зборува за лицата со некаков хендикеп, констатира Елена Кочоска од невладината Полио Плус. Таа ја сугерира потребата од зголемена свест кај јавноста кон лицата кои се поразлични од другите.

„Една е можеби клучната активност дека мора да научиме да работиме заедно за да може да го унапредиме, тоа истото бара ситемски пристап, бара континуирани кампањи, континуирно едуцирање меѓу себе, за тоа какви сме, што сакаме и да ги најдеме заедничките интереси во ова наше општество.“

Дека има недостатоци во овие области се согласува и Марија Тодоровска од невладината организација Отворена порта. Луѓето се информирани за своите човекови права, но ретко кој знае како да ги практикува, вели Тодоровска. Оваа организација се бори против трговијата со луѓе, што е едно од најгрубите прекршувања на човековите права.
Ако пред неколку години хендикепот не се споменуваше, денеска отворено се зборува за лицата со некаков хендикеп
Ако пред неколку години хендикепот не се споменуваше, денеска отворено се зборува за лицата со некаков хендикеп

„Oтвoрена порта конкретно оперира СОС линија за помош од трговија со луѓе, на којa граѓаните може да се јават, да побараат информација за тоа што е тоа трговија со луѓе, да побараат помош во однос на легалноста на агенциите позади кои најчесто се кријат трговците со луѓе.“

Онаму каде што има корупција, има и повреда на човековото право, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации. Цел на оваа организација е да се спојат медиумите и невладините организации во борбата против корупцијата како активни чинители во борбата за остварување на човековите права.
Медиумите повеќе да ги користат наодите на невладиниот сектор, бидејќи има таму експертиза, истражувања, факти во истражувањата.
Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.

„Медиумите повеќе да ги користат наодите на невладиниот сектор, бидејќи има таму експертиза, истражувања, факти во истражувањата. И спротивно, медиумите да им помогнат на невладините организации за да добијат поголема гласност во општеството за она што го работат.“

Филков посочува дека е исклучително важна соработката со надлежните органи во борбата против корупцијата, но и дека истата не функционира како што треба.

Во однос на 2009 година, бројката на поплаки во однос на кршењето на човековите права до народниот правобранител е зголемена за 11 насто. Најголемиот дел од нив се од областа на правосудството.

Од невладината Цивил која во текот на овој месец организира настани за јакнење на свеста и едукација на граѓаните, посочуваат дека кршењето на човековите права е присутно во сите области, но најмногу проблемите со слободата на говор, еднаквиот пристап кон правдата, еднаквото третирање на граѓаните при спроиведување на законите и заштита на работничките права.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG