Достапни линкови

Ослободи се! И марширај


Со марш на толеранцијата, Хелсиншкиот комитет го крева гласот против загрижувачката состојба со човековите права, нетолеранцијата, предрасудите, дискриминацијата...

Ослободи се! Под ова мото и со одржување марш на толеранцијата, Хелсиншкиот комитет за човекови права го крена гласот против дискриминацијата, нетолеранцијата, предрасудите и насилството од секаков вид. Алармантна е состојбата со човековите права во земјава, а денешниот ден е можност да ја информираме јавноста за загрозената слобода на изразување, за намалениот простор за суштинска дебата за сегашноста и иднината, за потребата од постоење на здрава критичка свест, велат од Хелсиншкиот комитет.
На сите во државата треба да им биде приоритет заштитата на човековите права и овозможување на извршување на тие човекови права.
Маргарита Цаца Николовска, Хелсиншки комитет.

„На сите во државата треба да им биде приоритет заштитата на човековите права и овозможување на извршување на тие човекови права и битно е секоја реакција во тој дел за секого во државата треба да биде добродојдена“, изјави Маргарита Цаца Николовска, член на управниот одбор во Хелсиншки.

Марш на толеранцијата низ улиците на Скопје минатата година
Марш на толеранцијата низ улиците на Скопје минатата година
Таа предупредува дека состојбата со човековите права во пракса е особено лоша. Закони со кои се штитат човековите права имаме, но малку од нив се почитуваат во секојдневието. Она што загрижува вели Николовска е тоа што ваквите неправди и прекршувања на човековите права во општеството не добиваат соодветна реакција од соодветните државни органи.

„Притворот, за притворот има многу зборувања, укажувања и на крајот на сето тоа доаѓа и пресуда од Европскиот суд за човекови права за да неколку дена после тоа повторно добиваме решенија кои не ги задоволуваат меѓународните стандарди.“

Марш на толеранција
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:25 0:00

Свој удел во одбележувањето на меѓународниот ден на толеранцијата има и коалицијата на младински организации СЕГА. Извршниот директор Зоран Илиески вели дека во неколку градови во земјава денеска младите ќе засадат дрво на толеранцијата, што треба да ја симболизира важноста од меѓусебната човечка толеранција. Целата на проектот е поттикнување на соживотот меѓу младите луѓе во Македонија за меѓусебна толеранција, живот без насилство и меѓусебно верско и национално почитување.
Институциите, владините и невладините организации се оние кои треба да го обезбедат просторот за заедничко делување, заедничко живеење.
Зоран Илиески, коалиција на младински организации СЕГА.

„Институциите, владините и невладините организации се оние кои треба да го обезбедат просторот за заедничко делување, заедничко живеење, кој што дополнително ќе ја подобри актуелната состојба на локално ниво.“

Од Хелсиншкиот комитет велат дека ефектите од ваков тип манифестации се очекувани. Многу е важно јавноста да слушне и друга реакција за актуелните случувања во општеството, да се овозможи дебата и различност на мислењата, велат од оваа организација.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG