Достапни линкови

Продолжува штрајкот на „Македонија пат“


Архивска фотографија: Илустрација - протести пред Влада.
Архивска фотографија: Илустрација - протести пред Влада.

Вработените во „Македонија пат” најавуваат дека ќе продолжат со штрајкот, но се надеваат дека надлежните брзо ќе одговорат на нивните проблеми.

Македонија пат нема доволно пари, поради малиот буџет со кој располага и ниските цени на услугите, велат од синдикатот на претпријатието. Без плата, сини картони и теренски надоместоци вработените се решија преку штрајк да си ги бараат своите права. Тие најавија дека ќе продолжат со штрајковите, но се надеваат дека надлежните брзо ќе одговорат на нивните проблеми, бидејќи на прво место им е сигурноста на граѓаните и безбедноста на патиштата. Претседателот на синдикатот, Стојан Попов вели дека фирмата во последниве десет години работи со загуби, поради ниските цени.

Ние работиме се уште со тие цени од пред десет години што биле договорени со Фондот за патишта и ниту едно раководство не успеа да укаже на надлежните дека тоа ќе доведе до ваков крах на Македонија пат, до вакви долгови.
Стојан Попов, претседател на Синдикатот.
„Ние работиме се уште со тие цени од пред десет години што биле договорени со Фондот за патишта и ниту едно раководство во изминативе десет години не успеа да го промени тоа да укаже на надлежните дека тоа ќе доведе до ваков крах на Македонија пат, до вакви долгови.“

Како и поради недоволниот буџет на Македонија пат, бидејќи обемот на работа им се зголемува, додава Попов.

„Се зголемува патната мрежа, а програмата останува иста. Веќе подолго време програмата изнесува само 970 милиони. Ние бараме да се зголеми програмата затоа што обемот на работа се зголува, а програмата се намалува, работиме со загуба.“

Директорот на претпријатието Хајрула Хасани изјави дека наместо досегашните 950 милиони денари колку што се издвојуваат од буџетот за одржување на патиштата на Макеоднија пат и се потребни повеќе од милијарда ипол денари за да може да функционира.

„Македонија пат нема пари затоа што последните пет-шест години работи со загуби и таа се зголемува, а сега е на ниво кога веќе неможе да се одржува состојбата на јавните патишта.“

На потег е Владата која вети дека ќе најде решение за ситуацијата во Македонија пат.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG