Достапни линкови

Криза на капитализмот


Грција - судири меѓу полиција и демонстранти 29.02.2010.
Грција - судири меѓу полиција и демонстранти 29.02.2010.

Финансиските проблеми што ги оптоваруваат земјите во еврозоната не се домашни. Тие се дел од глобалниот напад врз трудот. Ова се наведува во анализата на италијанскиот професор Рикардо Белофиоре, објавена во весникот Гардијан.

Историјата се повторува, како што пишуваше Карл Маркс, најпрвин како трагедија, а потоа како фарса.

Ако се прашувате како може таа да се повтори и по трет пат, погледнете ја Италија, земја каде што најефикасните опоненти на владата се буквално кажано комедијанти и каде што самиот премиер е шега за себе.

Ова ги отргна аналитичарите од економската и политичката ситуација, а италијанскиот проблем се сведе на проблем со премиерот и неговите сексуални скандали.

За да се сфати природата на италијанската криза, на неа треба да се погледне во поширок европски контекст. Границите на еврозоната се добропознати: станува збор за единствена валута која не е поддржана со политички суверенитет, во која Централната банка не дејствува како кредитор и во која нема европски јавен буџет.

Стагнација на Европа

Од друга страна, германската тенденција да искористи од дефицитот на јужна Европа повеќе е прашање за психијатрите отколу за економистите. Сето ова покажува дека италијанската криза не е домашна криза.

Германскиот неомеркантилизам предизвика стагнација во Европа, која преживува благодарение на извозот во Соединетите држави. Проблемот е во немањето волја да се рефинасира најпрвин во Грција, потоа во Ирска и Португалија.

Кризата дојде, бидејќи пазарите и рејтинг агенциите ја видоа глупавоста на европските лидери кои беа неефикасни. Италијанската економија претрпе сериозни падови, но тие се структурни. Тие датираат уште од средината на шеесетите години и резултираа во постојан пад на продуктивноста на трудот и на стапката на развој.

Капиталистите на работничките барања одговорија со еден вид инвестициски штрајк. Индустриските сектори исчезнаа, технологијата се увезуваше, јавните фирми беа приватизирани. Средните италијански компании профитираа од извозот во странство, но и стана зависни од светскиот развој.

Фаталниот удар дојде со политиката на флексибилност на трудот што доведе до колапс на продуктивноста на трудот. Сега банкротот и излезот од еврозоната нема да помогнат.

Во 1992 година Италија го напушти европскиот монетарен систем и се соочи со голема девалвација, со длабоки структурни проблеми и со влошување на условите за работа. Овој пат, напуштањето на Италија ќе значи крај на монетарната унија и драматично проширување на европската и на светската криза.

Не финансиска ами капиталистичка криза

Како и да е, ова не е финансиска, туку капиталистичка криза. Ова е дел од нападот врз трудот. Затоа е потребен нов договор за поголема социјализација на инвестициите и на банките како јавен сервис. Или како што вели Хајман Мински: На Европа не и недостигаат пари, туку интернационализам, се наведува во анализата објавена во весникот Гардијан.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG