Достапни линкови

Работници без права


Работнички во текстилна фабрика.
Работнички во текстилна фабрика.

На сметка на активностите за подобрување на економијата и создавање поволна бизнис клима се почесто се кратат работничките права, велат експертите.

Работникот, а со работа, а без неа - исто му се фаќа и вака и така е незаштитен, велат експертите. Додека за синдикатот, проблемот е што постоечките закони функционираат само на хартија. Во законот за работни односи во последниве три години имаше осум интервенции. Последната се однесуваше на работниците кои сами ќе дадат отказ да немаат право да бараат отштета за неискористените денови од одморот. Периодот пак за прогласување на технолошки вишок од пет години има предлог да се намали на 18 месеци.

Професор Здравко Савески вели
Се смета за да тргне економијата напред мора да се скратат работничките права, односно да се овозможи поволна бизнис клима за бизнисмените.
Здравко Савески, универзитетски професор.

дека измените на законите кои се однесуваат на трудово правата материја воглавно ги намалуваат работничките права. Според него, се поставува прашањето дали навистина се штитат работниците, чии права се загрантирани со Уставот.

„Според Уставот, Македонија е социјална држава, тоа не се отсликува во законите. Во законите од трудово-правна материја повеќе им се дава права на работодавците отколку на работниците.“

Секретарот на советот на ССМ, Ангелко Ангелковски пак вели дека правата на работниците се заштитени, но не се спроведуваат и почитуваат.

Ниту работничките протести не помагаат?
Ниту работничките протести не помагаат?
„Јас мислам проблемот е околу почитување на регулативата заради тоа што не е така едноставно само да се каже дека не чинат законите, не е така, си има аномалии, но повеќе според мене е примената и почитувањето.“

Според Савески, причината поради која работодавците се во повластена улога во однос на работниците е заради стратегијата за создавање поволна бизнис клима, што е погрешно.

„Се смета за да тргне економијата напред мора да се скратат работничките права, односно да се овозможи поволна бизнис клима за бизнисмените. Она што покажува 20 години овој тренд на намалување на работничките права е што иако се намалуваат постојано, тој бум, таа поволна бизнис клима не создава развој на Македонија.“
Јас мислам проблемот е околу почитување на регулативата заради тоа што не е така едноставно само да се каже дека нечинат законите, не е така, си има аномалии, но повеќе според мене е примената и почитувањето.
Ангелко Ангелковски, ССМ.

Според Ангелковски, синдикатот како дел од Економско социјалниот совет досега иницирал некои измени кои биле прифатени и се во ред, но за други со кои не се сложуваат како предлогот закон за технолошки вишок тие реагираат.

„За последното ние реагиравме бидејќи таа измена е во законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Ќе го добиеме веројатно одговорот во понеделник, како ќе реагираме, како ќе одлучиме, ќе видиме.“

Во минатата година 11.902 работници побарале помош од ССМ, бидејќи сметале дека се загрозени нивните права. Најголем број се жалеле на неисплатени плати, за неплатени придонеси и здравествено осигурување, а имало и такви кои не добиле надоместок за храна или превоз.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG