Достапни линкови

Концерт на гитаристот Каровски


Настапот на гитаристот Миле Каровски во Даут Пашиниот Амам во Скопје е дел од неговата серија концерти во европските земји и во Македонија.
Настапот на гитаристот Миле Каровски во Даут Пашиниот Амам во Скопје е дел од неговата серија концерти во европските земји и во Македонија.

Со дела за класична гитара од неколку периоди, во Даут Пашин Амам во Скопје, ќе се претстави младиот македонски инструменталист Миле Каровски.

Миле Каровски е млад музичар од Кавадарци. Тој изведува композиции за класична гитара или класични дела во аранжмани за гитара. Дипломирал на Новиот бугарски универзитет во Софија во класата на професор Димитар Дојчинов, а учествувал на мастер-класови кај познати педагози и изведувачи како Един Карамазов, Американката Марта Мастерс, Бразилецот Фабио Занон, Франц Халас од Германија и нашиот Страшко Темков.
Во изборот е вклучен и материјал којшто е за обичната публика, а во исто време сакам да допрам и до срцата на музикантите. Значи кога станува збор за делата од Паганини и Бах, тоа е исклучиво за музикантската публика
Миле Каровски, инструменталист

Со соло рецитали настапувал на бројни фестивали и меѓународни музички натпревари во Југоисточна Европа и на нив освоил десеттина врвни признанија. Во 2009 година Каровски го објави својот прв носач на звук, албумот насловен како „Деби – музика за гитара“
(„Debut- music for guitar“). На претстојниот концерт во Даут Пашин Амам ќе се претстави со дела за гитара од неколку периоди на класичната музика – од ренесанса, преку барок, романтизам до современа балканска музика, од Јохан Себастијан Бах преку Николо Паганини, Исак Албениз, Цезаре Негри до Росен Балкански и Мирослав Тадиќ.
x

„Во изборот е вклучен и материјал којшто е за обичната публика, а во исто време сакам да допрам и до срцата на музикантите. Значи кога станува збор за делата од Паганини и Бах, тоа е исклучиво за музикантската публика“, вели Каровски.

Говорејќи за сопствените настапи, за тоа дека инспирација црпи од се она што е убаво, дека негови херои се сите оние што му имаат дадено во позитивна смисла друга насока на светот како Рубенс, Рембрант, Дали, Тесла, Дебиси... до нашиот Симон Трпчески, гитаристот со дополна:
За жал кај нас е многу слабо популарна гитарата како класичен инструмент и мојата цел е преку оваа турнеја да ја популаризирам, да привлечеме многу млади гитаристи, да ги заинтересираме и да стекнеме една убава публика
Миле Каровски, инструменталист

„Се трудам некогаш да бидам и доста темпераментен, но некогаш сакам мојот инструмент да звучи во границите на убавото.“

Инаку, овој концерт во Скопје е во рамките на неговата серија настапи пред домашната публика која започна во август во Струмица и ќе кулминира на 9 октомври со перформансот на годинешното издание на фестивалот ИНТЕРФЕСТ во Битола.

„За жал кај нас е многу слабо популарна гитарата како класичен инструмент и мојата цел е преку оваа турнеја да ја популаризирам, да привлечеме многу млади гитаристи, да ги заинтересираме и да стекнеме една убава публика.“

Миле Каровски со својата гитара потем наново ќе тргне на пат по европските сцени, а за во иднина наведува дека предизвик му е што подлабоко да навлезе во популарните стилови фламенко, фадо и латино.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG