Достапни линкови

Китановски и Черкези оркестар со нов албум


Тони Китановски
Тони Китановски

Шукар е насловен новиот албум на македонскиот џез гитарист Тони Китановски и неговиот ЧЕРКЕЗИ ОРКЕСТАР што деновиве треба да го објави познатата германска издавачка куќа ENJA.

По петгодишна пауза од излегувањето на Borderlands како првенче за славната германска издавачка куќа ENJA и убавата серија промотивни концертни настапи на големите европски фестивалски сцени, Тони Китановски и неговите соработници од ЧЕРКЕЗИ ОРКЕСТАР деновиве ќе му се радуваат и на својот втор интернационален дискографски проект – албумот Shukar. На носачите на звук, во безмалку 60 минути музика, се поместени 12 нови композиции во кои на најдобар можен начин се рефлектира не само виртуозноста на македонските музичари, нивната незгаслива енергија, туку и потребата да се биде што пооргинален во големиот океан на разноразни созвучја.
Кога ќе направиш еден успешен албум тогаш една единствена причина за да направиш следен албум е да се обидеш да го направиш подобар од првиот или барем исто толку добро, особено затоа што имаш состав кои што има собрано искуство, бројни настапи и концерти.

„Кога ќе направиш еден успешен албум тогаш една единствена причина за да направиш следен албум е да се обидеш да го направиш подобар од првиот или барем исто толку добро, особено затоа што имаш состав кои што има собрано искуство, бројни настапи и концерти.“

Говорејќи за промотивните активности што ќе следуваат, Китановски забележува дека е приврзаник на стариот начин на работа што подразбира дека првично ќе остави малку да се изврти музиката, да се видат рецензиите од светските музички критичари што ќе бидат публикувани, та дури потоа да размислува за престојните настапи на фестивалските сцени.

„Сигурен сум дека Рекорд компанијата ќе ја заврши својата работа и ќе ангажира професионални промотери коишто ќе го дистрибуираат албумот на сите релевантни радио станици особено во Германија и секако на најтиражните весници. Повторно нешто интересно што не се случува често, а тоа е дека за нас пишувале рецензии професионални музички магазини, без да воопшто некој им плати за таа кампања.“

Од друга страна веќе е извесно дека Тони Китановски и ЧЕРКЕЗИ ОРКЕСТАР својот прв промотивен настап за Shukar ќе го имаат во септември во околината на Берлин, во Германија, но претходно летово ќе имаме можност да ги проследиме нивните перформанси на претстојните џез фестивали во земјава – вториот во Кавадарци и најавениот августовски во Охрид.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG