Достапни линкови

Руски корупционизам


Владимир Путин и Дмитри Медведев ги синхронизираат чаосвниците
Владимир Путин и Дмитри Медведев ги синхронизираат чаосвниците

Под овој наслов весникот Вашингтон пост објавува коментар по веста дека рускиот премиер Владимир Путин ќе биде кандидат за враќање на неговата стара функција, претседател на Русија.

Би сакале да му честитаме на Владимир Путин за неговата возбудлива победа да стане иден руски претседател. По неговата кампања низ степите и тајгите на која ја презентираше програмата за наредните шест години, господин Путин доби ентузијастичка поддршка од...

Чекајте малку. Така работите не одат во Русија, се наведува во коментарот на Вашингтон пост. Всушност приказната е многу поедноставна: Владимир Путин реши уште еднаш да биде претседател и така ќе биде.

Ова можеби е добра вест за Дмитри Медведев, несреќниот претседател кого Путин го инсталира во Кремљ во 2008 година откако го имаше тоа место 8 години.

Медведев кој се преправеше дека води додека Путин го играше шоуто може да биде замена на позицијата број два, премиер, која и онака повеќе му одговара на неговиот карактер.
Путин покажа дека затворањето или протерувањето на неколкумина клучни бизнисмени и неказнувањето на убијци на неколку новинари може ефикасно да ги замолчи нивните сонародници.

Но, ова е лоша вест за претседателот Барак Обама, кој многу инвестираше во неговите односи со Медведев, надевајќи се дека ќе стане вистински лидер.

Ова е лоша вест за руските соседни земји како Грузија и Украина чија независност, според Путин е само привремена и иритирачко историско отстапување.

Конечно, тоа е лоша вест за рускиот народ кој се соочува со корупција и стагнација доколку Путин, како и Сталин, може да владее скоро доживотно како претседател.

Во декадата на власт по Борис Елцин, господин Путин го затвори секој пат преку кој луѓето можеа мирно и законски да избираат или барем да влијаат врз владата.

Неговата играчка се политичките партии. Телевизиските мрежи се под државна контрола. Демонстрациите се забранети. Судството е заплашено. На многу начини Путин повторно го создаде советскиот систем.

Како и да е, постојат и многу важни разлики. Господин Путин не испрати милиони на смрт или во гулаг. Тој покажа дека затворањето или протерувањето на неколкумина клучни бизнисмени и неказнувањето на убијци на неколку новинари може ефикасно да ги замолчи нивните сонародници.

Обичните Руси, се додека нема да се побунат на ваквата статус кво ситуација, можат послободно да патуваат, да заработуваат пари и да избираат каде ќе живеат отколку во времето на Советскиот Сојуз. За разлика од Комунистичката партија, Путин претендира дека нема идеологија, освен еден вид националистичка носталгија.

Бизнисот и државата станаа едно, а фаворизираните апаратчици добија огромно богатство. Сепак, ова можеби е најважната разлика за да се разбере путинизмот: советските официјални претставници немаа сметки во швајцарските банки, згради во Лондон и имоти на Ривиера.

Ослободени од пустата заблуда дека меѓу Медведев и Путин има борба за власт, другите земји сега можат да се справуваат со Русија, онаква каква што е, a тоа не ја исклучува соработката, се наведува во коментарот објавен во Вашингтон пост.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG