Достапни линкови

И по Сталин, Путин


Рускиот премиер Владимир Путин вози формула на тест-возење на патеката во регионот на Ленинград 7 ноември 2010 година.
Рускиот премиер Владимир Путин вози формула на тест-возење на патеката во регионот на Ленинград 7 ноември 2010 година.

По најавите дека повторно ќе се кандидира за претседател, постои можност Путин да стане најдолготраен лидер на Русија после Сталин.

Откако рускиот премиер Владимир Путин прифати да се кандидира на наредните претседателски избори во март се отвара можноста тој да стане еден од најдолготрајните владетели по Сталин.
За жал, ништо нема да се смени во нашата земја. Граѓаните треба да одлучат дали се подготвени она што ни се случува денеска во Русија да продолжат да го толерираат и во наредните најмалку 12 години.
Сергеј Митрохин, опозицисики политичар и аналитичар.

Доколку Путин ги добие двата мандата, на власт може да остане до 2024 година. Со се неговото претходно искуство, Путин е на пат да го сруши и рекордот на најдолговечниот советскиот лидер по Сталин, Леонид Илич Брежнев, кој бил на чело на Советскиот Сојуз од 1964 до неговата смрт во 1982. Периодот на владење на Брежнев е синоним за економска и социјална стагнација на руското општество.
x

Опозицискиот политичар и аналитичар Сергеј Митрохин вели дека враќањето на Путин на претседателската фотелја само ќе ја продлабочи корупцијата и социо-економското назадување кое иронично кажано го означи и крајот на брежневиот период.

„За жал, ништо нема да се смени во нашата земја. Граѓаните треба да одлучат дали се подготвени она што ни се случува денеска во Русија да продолжат да го толерираат и во наредните најмалку 12 години. Нема да има модернизација, ќе има продлабочување на стагнацијата, а со тоа и криза во блиска иднина.“
Ние веќе цела деценија знаеме дека Путин е најважната личност во Русија. Единствено прашање кое се наметна беше: Како ќе остане долго на власт? Тој го искористи најочигледниот начин да го направи тоа, а тоа е да се врати како претседател.
Едуард Лукас, уредник во британскиот неделник „Економист“.

Еден од уредниците на британскиот неделник „Економист“ и автор на книгата „Новата студена војна: Путиновата Русија и заканата за Западот“, Едуард Лукас, смета дека сега Русија ризикува да и се повторат случувањата од периодот на Брежнев.
Претседателот Дмитри Медведев и премиерот Владимир Путин на риболов на Волга на 16 август 2011 година.
x
Претседателот Дмитри Медведев и премиерот Владимир Путин на риболов на Волга на 16 август 2011 година.

„Не мислам дека ова е некакво изненадување. Ние веќе цела деценија знаеме дека Путин е најважната личност во Русија. Единствено прашање кое се наметна беше: Како ќе остане долго на власт? Тој го искористи најочигледниот начин да го направи тоа, а тоа е да се врати како претседател.“

Аналитичарите се поделени околу две струи, едната ги следи технократите како министерот за финасии Алексеј Кудрин кој сака политичкиот систем да остане отворен и да се модернизира, а другата ги следи безбедносните ветерани како заменик премиерот Игор Сечин кој сака државата да остане строго контролирана како што тоа го прави Путин во изминатава деценија.

Московскиот политички аналитичар Владимир Прибиловски смета дека елитата која се надеваше дека досегашниот претседател Дмитри Медведев ќе донесе реформи сега е ослабена.

„Во изминатава година оние кои се надеваа дека Медведев ќе остане на власт, сега ослабеа. Дел од нив се свретеа кон Кудрин како иницијатор на реформи а дел кон лидерот на опозициската конзервативна група предводена од Сечин.“

И покрај економските реформи на Путин на почетокот на неговото претходно преседателствување, кога ги поедностави даночните обрски и ги либерализираше законите за сопственост на имот, сепак не покажа доволно волја за либерализација на политичкиот систем. Напротив, поголемиот дел од потезите на Путин беа во насока на воспоставување на авторитарна власт. Од овие причини Лукас е скептик дека Путин ќе стане реформатор во неговото второ доаѓање во Кремљ.

„На некој начин, Путин е затвореник на системот што тој го создаде што значи дека тој не може да го смени. Путин е арбитрер, тој само одржува баланс во системот.“

Лукас објаснува дека моќта на Путин е во неговата способност да управува и да ги балансири финансиските и економските интереси на политичките кланови од владечката елита во Русија.

Путин на мотор, Груевски на велосипед!
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:10 0:00
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG