Достапни линкови

Серуски народен фронт за Путин


Контурите на наредната изборна сезона во Русија стануваат појасни. Премиерот Владимир Путин испрати најсилни сигнали досега дека има намера да се врати на претседателската функција догодина, но и да ја зачува контрола врз Думата на декемвриските избори.

На конференцијата на владејачката партија Обединета Русија во Волгоград, премиерот Владимир Путин повика на формирање народен фронт, а градот го нарече Сталинград, како што и се викаше за време на Втората светска војна.

„И јас навистина би сакал да ја видам Обединета Русија, некои други партии, синдиктите, организациите на младите, жените и ветераните, целиот народ, обединет во заедничката желба за зајакнување на нашата земја. Ајде да го наречеме Серуски народен фронт, а бидејќи сме во Сталинград мислам дека ваквата реторика одговара совршено.“

Путин додаде дека, пред парламентарните избори во декември и претседателските во март догодина, на партијата и требаат нови идеи и лица.
Ајде да го наречеме Серуски народен фронт, а бидејќи сме во Сталинград мислам дека ваквата реторика одговара
совршено.

Тој дури најави дека и оние што не и припаѓаат на партијата ќе можат да се најдат на нејзината кандидатска листа.

Веднаш по неговото обраќање, претставници на синдикатите, на земјоделските и ветеранските асоцијации излегоа со поддршка за идејата нагласувајќи дека тоа всушност било нивна дамнешна желба.

,,Од името на фармерите, би сакал да ја поддржам оваа извонредна идеја. Тоа е и смислата на организирачката улога на Обединета Русија. Со задоволство ја прифаќаме поканата“, изјави претседателот на Здружението на земјоделците. Владимир Плотников.


За аналитичарите, создавањето на новиот фронт, од една страна го дистанцира Путин од Обединета Русија, а од друга ја зацврстува неговата контрола.

Политичкиот експерт од Москва, Григориј Голосов, на овој потег гледа пред се како најава за путиновата претседателска кампања:

„Ако тие го сторат тоа, а не постои причина дека нема, тогаш можеме да кажеме дека Путин ќе биде номиниран токму од овој народен фронт,
Суштината на изборната кампања е зацврстување на доминацијата на владејачката партија. Имаме само една партија, а тоа е партијата на Путин.
односно од сите Руси, кои се во потрага по подобар живот. Тоа, се разбира, е многу подобро отколку да се кажува дека бил номиниран од партија на крадци.“

Дури и Дмитри Пешков, портпарлот на Владимир Путин, отворено изјави дека станува збор за надпартија која нема партиска основа.

„Напротив, таа е фокусирана врз Путин, создавачот на оваа идеја“, рече Пешков.

Директорот на московскиот Меѓународен институт за политичка експертиза, Евгениј Минченко, вели дека тоа води кон една партија:


„Во моментов, јас стекнувам впечаток дека основната стратегија на Обединета Русија е слабеењето на своите конкуренти. Суштината на изборната кампања е зацврстување на доминацијата на владејачката партија. Имаме само една партија, а тоа е партијата на Путин.“

Освен ова, Путин деновиве најави создавање Агенција за стратегиски иницијативи, која е директно под негова контрола и која треба да промовира нови деловни потфати и да им помага на младите претприемачи.

Според оценките, целта на оваа Агенција е да се обезбеди контрола врз клучните текови на парите за време на претстојната изборна сезона.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG