Достапни линкови

Tамбурашки фестивал во Куманово


Кумановци уживаа на Седмиот меѓународен фестивал на Тамбурашки оркестри.

„Чувајте ја тамбурата во вашите срца, затоа што таа е негов најдобар чувар“, и порача познатиот композитор и пејач Бане Крстиќ од Нови Сад, Република Србија, на бројната македонска публика, која две вечери
Да бидам искрен отсекогаш сум знаел дека во Македонија не сум непознат, но да има уште луѓе кои навистина ги паметат моите песни и кои навистина реагираа така спонтано и гласно и најискрено!
уживаше на Градскиот плоштад во Куманово, на големата традиционална музичка манифестација, Седмиот фестивал на Тамбурашките оркестри.

И првата и втората фестивалска вечер беа поделени на два дела. Во првиот дел на кој настапија Кумановски тамбураши и солистот Нино Величковски, првата вечер, со познатите песни изведени во придружба на тамбурата, ја раздвижија публиката од сите генерации, која уште со првите звуци потпевнуваше и се радуваше, заборавајќи на тешкото секојдневие. А со настапот на некогаш познатиот „Октет Куманово“ му беше оддадена почит на неговиот основач, неодамна прерано починатиот музичар и врвен композитор Миодраг Божиновски Мичо.

Киќо Слабинац

Публиката со нетрпение го очекуваше и настапот на познатиот хрватски пејач и естраден уметник Крунослав Киќо Слабинац, кој првин настапи со салвонскиот Тамбурашки оркестар „Бекрије“ од Пожега, а потоа публиката ја потсети на дел од неговиот опус.

Со композицијата „Ангела“ со која уште во 70-те години од минатиот век настапувал на скопскиот фестивал, Слабинац, кој половина век е на музичката сцена, за реакциите на публиката, изјави:

„Да бидам искрен отсекогаш сум знаел дека во Македонија не сум непознат, но да има уште луѓе кои навистина ги паметат моите песни и кои навистина реагираа така спонтано и гласно и најискрено! Иако имав чувство дека нема да издржам толку поради моето нарушено здравје, енергијата ме понесе.“

Слабинац вели дека песната „Ангела“ која се уште се врти на македонските радио станици, а е дел од репертоарот и во рестораните, за која многумина од помладата генерација и не знаат дека изведувачот е токму Слабинац, тој додава:
Затоа велам дека треба повеќе да има од оние кои го следат континуитетот на естрадата на овие простори. Би било добро, зашто сите генерации би дошле на своето.

„Да, тоа беше уште 1970 година, кога ја претставував Македонија во квалификациите за Евровизија. И останав верен на Македонија сето ова време. Затоа велам дека треба повеќе да има од оние кои го следат континуитетот на естрадата на овие простори. Би било добро, зашто сите генерации би дошле на своето. И кај нас направија еден културоцид. Сега владее геријатрофобија и цела една генерација ја отпишаа, и го одземаа правото на спомените, љубовта, музиката, филмовите, актерите. Сето тоа е погрешно. Во секоја културна земја постои некој кој го следи тој опус. Зашто музиката, естрадата не ја чини моментално популарен пејач, преполна спортска сала и неколку песни. Естрадата ја члинат луѓето кои го граделе тоа со децении, вложиле труд, знаење, умешност и се заедно, и на крајот кога тоа го изградивме некој друг се вселил и вели „не треба веќе, добри бевте. Тоа е некултурно“, вели Слабинац.

А втората вечер пак, публиката на Градскиот плоштад во Куманово три часа со големо внимание ја проследи Војводинската тамбура на оркестрите „Романса“ и „Гарави сокак“ со Бане Крстиќ. И „Скелеџијо“, но и уште многу песни за љубовта, преку „Кој те има, тој те нема“, кумановци, но и гостите од Скопје и од другите градови ќе потпевнуваат до следниот Тамбурашки фестивал, чиј генерален покровител е локалната самоуправа и градоначалникот Зоран Дамјановски, во организација на директорот и уметничкиот директор на фестивалот, докотор Ристо Келешов и Нино Величковски.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG