Достапни линкови

Културно-забавен живот во Куманово


Куманово
Куманово

Кумановци главно задоволни од културно-забавниот живот во градот.

Ако народот нема леб да јаде, дајте му слатки, музика, забава, па кој како ќе се снајде. Летото на заминување мошне успешно се спроведува и во Куманово. Музика од сите видови, најразлични бендови од домашната и сцената од соседните држави, мали театарски групи на мали сцени, за одредени групи граѓани, го одбележаа културно-забавниот живот на кумановци. Иако, немаат пари да плаќаат
Има, не е лошо. Се забавуваат младите. Нашата генерација кој каде, излегува со своето друштво. Убаво е на фестивалот на Тамбурашки оркестри има
многу народ.
влезници или да си купат основни намирници за преживување, барем на градскиот плоштад на неколку часа речиси секоја вечер можеа да се забавуваат и да се отргнат од мислите за сиромаштијата. Музика, средби на старите пријатели и познаници, моментно задоволство и сеќавања на одамна заборавеното корзо. Скромни се кумановци кои на прашањето има ли културно-забавен живот и дали тие се задоволни, одговараат позитивно.

„Има, не е лошо. Се забавуваат младите. Нашата генерација кој каде, излегува со своето друштво. Убаво е на фестивалот на Тамбурашки оркестри има многу народ.“

„Ова и минатото лето има убаво организирана забава. Речиси секоја вечер има по нешто. Треба вакво нешто, треба повеќе и почесто“, велат средовечни кумановки.

Куманово

Помладите кои преферираат забава на градскиот плоштад на кој влезниците не се плаќаат, а средбите со пријателите се одвиваат со пивото или соковите в раце.
Најмногу ми се допаѓаат токму забавите на плоштадот. Ова овдека навистина е интересно
цело лето.


„Најмногу ми се допаѓаат токму забавите на плоштадот. Ова овдека навистина е интересно цело лето.“

Меѓу повеќето помали и поголеми културни манифестации, Куманово успешно си го заврши и дводневниот Меѓународен фестивал на тамбурашки оркестри, на кој задоволството на публиката кулминираше со песните на срспките музичари Легенде и Мерима Његомир. Затоа повозрасните кумановки се задоволни.

„Вакви настани најмногу ми се допаѓаат. Тамбурашки фестивал и Денови на комедијата. Куманово е исполнето со културно-забавен живот. За сите генерации. Имаше и детски фестивал на плоштадот.“

Културно-забавниот живот во Куманово го организира локалната самоуправа. Организаторот е задоволен, а уште повеќе припадниците на сдсмовската провиниенција, кои на секоја манифестација се во првите редови и најбројни. А кога монтажната сцена ќе се дислоцира, кога плоштадот ќе се измете и измие, мамурлакот ќе помине, еуфоријата ќе исчезне како меур од сапуница, суровата стварност ги враќа кумановци во секојдневието преоптоварено со сиромаштијата, невработеност и неизвесност за иднината, се до некоја следна забава.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG