Достапни линкови

Моќта на заборавањето


Зошто мора да запаметиме дека треба да бришеме и да забораваме? Ова се наведува во текстот објавен во Гардијан, во кој со тврдењето дека човечкото знаење се базира врз сеќавања. Се поставува и прашањето, дали дигиталната ера не принудува да паметиме премногу?

Кога очувот на Виктор Маер Шенбергер починал, му оставил колекција од 16 илјади слики што ги направил за време на неколкудецениските патувања по светот.

Виктор решил нешто да преземе:

„Се водев по два критериуми зошто да чувам некоја слика. Првиот, дали е некој познат на неа и вториот дали е сликата убава. Знаете колку зачував? 53.“

Во неговата книга „Дилит: Основата на заборавањето во дигитланата ера“, професор Виктор Маер Шенбергер пишува:

„Уште од почетокот на човештвото се обидуваме да запамтиме, да го зачуваме нашето знаење и пронајдовме многу начини и механизми да ни помогнат во тоа.“


Сепак, низ милениумите, заборавањето остана полесно и поевтино од сеќавањето. Но, веќе не е така. Поради дигиталната револуција сега е полесно се да зачуваш, отколку да влезеш во долги разговори за решавање што треба да фрлиш во заборав.
Тоа е бидејќи многу од нашите таканаречни надворешни сеќавања, како дигиталните фотографии и имејлови, сега се полесни од крилјата на пчелата.
Евтиното складирање значи дека сега веќе не е економично ниту да решаваш што да запамтиш или да заборавиш.

„Заборавањето стана прескапо за луѓето. Многу од критичарите велат дека заборавањето е слабост на човечкиот ум и би требало да бидеме среќни што го откачивме“, пишува Шенбергер.

Светскиот мозок нарече ГУГЛ

Денес, ние веќе имаме светски мозок и тој се вика Гугл.

,,Буквално Гугл знае повеќе за нас отколку што ние може да запамтиме за нас.“

Неможноста да се остави настрана минато, според Шенбергер, ги прави луѓето помалку да простуваат во ова дигитално доба отколку претходно. Тој е заинтегриран со она што социјалната мрежа Фејсбук му го прави на човечкиот идентитет.
Во аналогната ера беше релативно едноставно да ги држиме нашите животи одвоено. Со Фејсбук тоа се проблематизира.
Што треба да се стори за да се спречи смртта на заборавањето?
Корисниците кога ги сејвуваат нивните документи кои ги креираат да имаат можност да селектираат датум на траење на документот како дополнување на називот на сликата или на текстот и локацијата на нивниот хард диск.
Датумите на истекот на рокот да биде во форма на прашање колку корисниците сакаат да го складираат нивниот документ, се наведува во текстот објавен во Гардијан.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG