Достапни линкови

Тродимензионално за секоја употреба


Специјални 3Д очила за следење ТВ програма
Специјални 3Д очила за следење ТВ програма

Тродимензионалното дизајнирање, популарно познато како 3Д е релативно стар концепт кој денес има повеќе намени. Во изминатиов период забележлив е трендот на користење на тродимензионалниот дизајн на големото платно. Освен во Холивуд 3 Д технологијата се употребува и за изработка на макети и модели на згради, накит и нови изуми.

Здодевно ви е од хаосот на вашиот несесер? Не можете секое утро да ги барате и четкичката за заби и бричот? Дами и господа, вам ви треба најновиот изум, изработен по принципот „две во едно“: Брич и четкичка за заби во еден производ ! Овој производ се уште не постои. Го смислив утрово додека се подготвував за на работа, закаснив бидејки не можев да го најдам жилетот и пак небричен излегов од дома. Мојата замисла е слична како онаа на мојот колега од весникот „Обсервер“. Тој сонувал за лажица и нож, исто така во форма на „две во едно“. И додека и двата изума се потенцијално опасни за користење, прв чекор во нивното дизајнирање е изработка на тродимензионален модел. Како што пишува „Обсервер“, оваа технологија била главна „шема“ во Холивуд во изминатиов период. Од „Аватар“ до „Судир на Титаните“, 3Д е релативно стар принцип кој се користи на нови начини за спас на филмската индустрија, пишува весникот.

Обсервер навлегува подлабоко во проблематиката, потенцирајки дека потенцијалите на оваа технологија, која датира од 1971 година, не завршуваат со филмската индустрија. Од компанијата „Тринглаб“ која специјализира во тродимензионално печатење велат дека можат да направат модел од било која идеа. Освен холивудските ѕвезди, со оваа компанија соработуваат и архитекти, златари и скулптори. Фирмата изработува тродимензионални модели на згради, скулптури, парчиња накит и слично. Целата компанија е сместена во визба, а еден од првите луѓе на фирмата, Робин Томас за својата работа вели:
Ако некој нешто може да осмисли - ние ке го направиме ...

„Ако креативна личност се разбуди наутро со идеа, може да добијат модел за истата до крајот на денот. На некои ќе им требаат денови, недели или месеци за да изработат модел. Ние ги печатиме за еден ден. Ако може да се осмисли, ние можеме да го направиме“

Пред да се стигне до печатењето, нарачателот треба да изработи тродимензионален модел од својот изум на компјутер. Софтверски апликации за тродимензионално цртање се достапни на интернет. Гигантот „Гугл“ нуди ваква апликација бесплатно. Од тука, на интернет веќе се создава заедница на тродимензионални дизајнери а цените на 3Д печатачите во последно време паѓаат, констатира британски „Обсервер“. Ако претходно основен модел на тродимензионалн принтер со кој се изработуваат модели од пластика се продаваше за близу 30.000 американски долари, „Обсервер“ проценува дека сега основен модел на тродимензионал печатар може да се набави за околу 7.000 евра.
XS
SM
MD
LG