Достапни линкови

Пет години интервентна кардиологија во Охрид


Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид
Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид

Пет години од воведувањето на интервентна кардиологија во Кардиолошкиот центар во Охрид.

По речиси три децении постоење, Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, сместен на езерскиот брег во Свети Стефан, кој почна како специјална болница за лекување, рехабилитација и превенција на ваквите болести, прерасна во институција од јавното здравство, која освен Скопје е единствената што во југозападниот регион во државава работи интервентна кардиологија, што петтата година од воведувањето ја одбележува со петилјадитиот зафат. Болницата, каде годишно се вршат околу 15 илјади амбулантни прегледи, повеќе од 30 илјади дијагностички процедури, со 2.800 болнички и коронарографски пациенти годишно, од кои од 1500 до 1700 се интервенции, а 350 животно загрозувачки, ги прима и лекува граѓаните кои сега не мора да чекаат со месеци и да патуваат во Скопје со болести и здравствени состојби кои доколку не се интеревнира на време, можат да завршат со смрт и тешки последици.
Станува збор за една огромна популација на пациенти од Кичево, Охрид, Струга, Битола, Ресен и Прилеп и сите тие луѓе се за брзи интервенции, се врши, ако се установи потреба, неопходната коронарографија или стентирање, со што многу човечки животи се спасени.

„Станува збор за една огромна популација на пациенти од Кичево, Охрид, Струга, Битола, Ресен и Прилеп и сите тие луѓе се за брзи интервенции, се врши, ако се установи потреба, неопходната коронарографија или стентирање, со што многу човечки животи се спасени. Но, квалитетот и ефикасноста тука многу повеќе ќе се зголемат, доколку се инвестира по сите повисоки стандарди. Според мене, најпримарно е да се реши проблемот со просторот, затоа што навистина овој простор е на работ на можностите, иако со огромен ентузијазам персоналот и лекарските тимови ги прифаќаат луѓето, сепак недостатокот од простор се чувствува. Доколку овие прашања се решат, во овој регион ќе имаме навистина, висококвалитетна интерветна кардиологија, но и многу пооптимални рехабилитациски услови коишто на пациентите од републикава им се неопходни и постојана перцепција од стручните тимови на Охридските лекари, во услови на една прекрасна клима и соодветен амбиент на Охридското Езеро“, вели пациент од Битола, кој се спасил од инфаркт, со помош на ефикасното и стручно работење на медицинскиот и другиот персонал во Охридскиот завод.

Доктор Никола Бакрачески, директор на Кардиолошкиот центар во Охрид

„Знам дека тука има и многу пациенти од Албанија. Бидејќи ние сме туристички центар, ни треба една таква интервентна кардиологија, за случаи, кога на топлото време, при целодневното седење на плажите, доаѓа до инфаркти и заболувања на срцето, па пациентите се спасени и донесени во болницата од самата плажа. Тоа е еден благодет и од страна на туризмот. Така што, Кардиолошкиот завод во Охрид треба да е еден пример како треба да работат и другите здравствени институции во Македонија“, вели жителка на Охрид.
Секако дека имаме развојни планови и програма. Нема да се задоволиме со ова ниво коешто го имаме денес, и покрај тоа што охрабрувачки делуваат нашите резултати, сепак тоа не е нашата крајна цел, која е воспоставување на еден целокупен систем на кардиоваскуларна нега на пациентите.

„Секако дека имаме развојни планови и програма. Нема да се задоволиме со ова ниво коешто го имаме денес, и покрај тоа што охрабрувачки делуваат нашите резултати, сепак тоа не е нашата крајна цел, која е воспоставување на еден целокупен систем на кардиоваскуларна нега на пациентите. Сеуште ни стои проектот за срцева електростимулација и електрофизиологија, за што се надеваме дека до крајот на годинава ќе го реализираме и на тој начин ќе ја заокружиме целокупната палета на услуги од областа на кардиоваскуларната медицина“, вели доктор Никола Бакрачески, директор на Кардиолошкиот центар во Охрид.

Центарот треба да се опреми со ангиографски и други апарати во вредност од 1,5 милион евра, едуцира стручни кадри и бара од владата да му ја отстапи Специјалната детска болница, која запуштена и затворена е во негова непосредна близина, каде по реконструкција и осовременување би се префрлил дел од одделенијата, сегашниот објект би прераснал во рехабилитациски центар, а заводот во наредните пет до десет години во кардио-хируршка установа.
XS
SM
MD
LG