Достапни линкови

Детските стоматолози повторно во јавното здравство


Здравствен дом - Битола. Детските стоматолози сакаат да се вратат во јавното здравство
Здравствен дом - Битола. Детските стоматолози сакаат да се вратат во јавното здравство

Дваесетина детски стоматолози од Битола никако да се вратат во јавното здравство, иако за тоа е донесена одлука на Влада уште пред една година.

Тие реагираат дека од цела држава само детските стоматолози во Битола, Охрид и Велес се уште работат како концесионери, додека статусот на нивните колеги од другите градови е решен.

„Она што веќе се реализира во Скопје да се направи и во Битола. Тоа е решавање на прашањето на детските стоматолози. И зошто во сите градови во Македонија да се реши, а во Битола да остане така прашањето.“
Со потпис на министерот за здравство и финансии, ништо не е реализирано и ние уште не сме вратени во државно здравство, уште сме концесионери. Реагиравме, цела година минатата одевме и кај премиерот и тој лично ни вети.


„Со одлука на Владата донесена минатата година, со потпис на министерот за здравство и финансии, ништо не е реализирано и ние уште не сме вратени во државно здравство, уште сме концесионери. Реагиравме, цела година минатата одевме и кај премиерот и тој лично ни вети. Ние работиме со деца, но колку е тоа исплатливо, една пломба 300 денари, нема шанси ние да преживееме. На другите стоматолози, протетичари, орални хирурзи им е решено со пакети. На пример 100.000 денари ќе земат со пакет на услуги, а ние сме оставени сами на себе. Не е воопшто исплатливо“, реагираат стоматолозите.


Министерот за здравство, Бујар Османи, на детските стоматолози им вети дека ќе бидат вработени во јавното здравство до април годинава.
Тоа е една неправда направена со реформите од минатите години, со што тие станаа колатерална жртва на тој процес. Владата донесе ослука да ги врати во тој систем на јавно здравство.


„Тоа е една неправда направена со реформите од минатите години, со што тие станаа колатерална жртва на тој процес. Владата донесе ослука да ги врати во тој систем на јавно здравство, односно да ги рехабилитира. И процесот во делот на Министерствата за здравство, финансии и Фондот за здравство уште тогаш го завршивме. До утврдувањето на новата фискална година за јавните здравствни установи која според законот е до април ќе се реши и тоа прашање. Значи, ова ветување на Владата дека ќе ги вработи сите тие стоматолози ќе се заврши дефинитивно“, изјави министерот Османи.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG