Достапни линкови

Ваши коментари


Составен споменикот на Александар Македонски на плоштадот во Скопје
Составен споменикот на Александар Македонски на плоштадот во Скопје

Од одобрување до осуда - различни коментари на нашите слушатели на новото прашање во рубриката Хајд Парк за тоа дали ни требаше новиот споменик на плоштадот во Скопје.

Дали ни требаше новиот споменик на плоштадот во Скопје, а кога веќе го има, како да се вика – Воин на коњ или Александар Македонски? Е, ова, почитувани, е нашето ново прашање во Хајд паркот на кое пристигнаа толку различни ваши коментари, колку што има села, како што вели народот.

Столе од Скопје и аплаудира на владата и вели - „Браво за Владата, само напред, народот ве следи и почитува“. Од друга страна, Хари, исто така од Скопје смета дека „споменикот на Ацета“, како што пишува, „е крадење на туѓа историја, невиден кичерај, трошење големи пари – народни, за глупости, споменик на хомосексуалец и масовен убиец и перење пари(десетпати поскапо платени), иритирање на Грците бидејќи 51 проценти од територијата на Македонија е во Грција, посрамотени сме во целиот свет со валкан национализам“, завршува
Хари.


Е, почитувани, со овие два коментара се согледува разликата во мислењата меѓу нашите граѓани, особено за споменикот кој деновиве ќе биде издигнат на плоштадот во Скопје. Менталистот пишува дека во сите светски енциклопедии пишува дека Александар го ширел хеленизмот и грчката култура. Демостен го нарекува татко му на Александар, Филип, варварин, а не Македонец, за јазикот дека античкиот македонски е дорски дијалект на грчкиот...е каде е сега врската на тие Македонци, кога не е ниту територијална, ни културна, ни јазична, ни генетска, ниту религиска? - завршува Менталистот со прашање.

Редовниот слушател кој се потпишува со С дупло В пишува - „како тргнале работите, уште малку некој ќе почне да не убедува дека сме потомци на стариот дедо Ное, или на Исус Христос...каква глупост! Народе македонски, Господ нека ви е на помош, зашто никој нема да ви помогне па дури ни Александар Македонски од центарот на Скопје,, - завршува С и дупло В.

Слушател потпишан со Анонимен прашува каде се Турците кои овде владееле и престојувале 500 години, а за темата ја обвинува Радио Слободна Европа дека иٰٰ е наметната од власта и дека некој заработил дебели пари.

Вашите одговори на темата: Дали ни требаше новиот споменик на плоштадот во Скопје, а кога веќе го има, како да се вика „Воин на коњ“ или „Александар Македонски“?, може да ги оставеите овде.

Што мислите за споменикот на Александар Македонски?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG