Достапни линкови

Промени во СДСМ?


Бранко Црвенковски на предизборен митинг на СДСМ во Врапчиште.
Бранко Црвенковски на предизборен митинг на СДСМ во Врапчиште.

Промени во СДСМ по изборниот пораз, се логичен исход и доколку партијата сака да се врати на власт промените треба да ги започне што побрзо, велат експертите.

Промена на раководството на СДСМ е логичен исход по изборниот пораз што го доживеа партијата на 5 јуни, согласни се политичките аналитичари со кои разговаравме. Професор Мерсел Биљали вели дека од политичката проценка на партијата ќе зависи дали тие промени ќе се направат сега или ќе се одложат за подоцна, додека политикологот Владимир Божиновски вели дека, ако СДСМ сака да се врати на власт, мора да ги почне
Не може да се создаде доверба кон лидер на некоја политичка партија доколку тој е наметнат на месец или два пред изборите, навистина е тешко. За да тој стане ликот на една партија, за да се поистовети со партијата, потребни се неколку години.
промените сега.

За денеска е најавено дека Централниот одбор на СДСМ ќе расправа за извештајот за изборите, кој го подготвува Изборниот штаб. Од сите видни членови на СДСМ, само поранешниот премиер, Владо Бучковски, спомена можност, по изборниот пораз, Црвенковски да се повлече од лидерска функција во партијата. Впрочем и Бучковски се повлече по загубените избори во 2006, а неговиот пример го следеше и Шеќеринска во 2008 година.

Божиновски вели дека иако СДСМ, со Црвенковски на чело, освари подобар резултат од претходните избори, сепак партијата изгуби. Со него се согласува и Биљали.


„Според мое мислење не е битно дали натпреварот сте го загубиле 5:4 или 5:0.“

Божиновски вели дека сега е време да се направат промени во СДСМ.

„Ако пред овие избори, Шеќеринска, наместо еден месец пред изборите, беше ставена за мандатар една година пред изборите, или Зоран Заев и другите потпретседатели. Значи ако добиеа една посилна функција, еден поголем кредибилитет кај граѓаните подолго време пред изборите, тогаш сметам дека самиот резултат ќе беше поинаков. Не може да се создаде доверба кон лидер на некоја политичка партија доколку тој е наметнат на месец или два пред изборите, навистина е тешко. За да тој стане ликот на една партија, за да се поистовети со партијата, потребни се неколку години.“
Најважно е да си направат проценка и по некоја логика би требало да преземат некакви дејствија соодветно на тоа што се очекувало од нив како главна опозициона партија.

Божиновски вели дека за две години има локални избори, на кои евентуалниот нов лидер на СДСМ би можел да наметне нова перцепција за партијата. Во спротивно, нема многу да се смени и на наредни избори, затоа што ова раководство на партијата го извади максимумот на 5 јуни.

Биљали, пак, вели дека партијата треба да направи сериозна анализа и да одлучи што понатаму.

„Најважно е да си направат проценка и по некоја логика би требало да преземат некакви дејствија соодветно на тоа што се очекувало од нив како главна опозициона партија уште повеќе кога е многу реално после година дена да има повторно избори.“

По овие избори, оставки поднесоа лидерите на ЛДП, Јован Манасијевски, на Нова демократија, Имер Селмани, на СДУ, Лазар Еленовски и на Демократска десница, Филип Петровски. Нивните партии не освоија ни едно пратеничко место.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG