Достапни линкови

Козметика или вистински промени?


По објавувањето на изборните листи на СДСМ, експертите со поделени мислења околу новитетите што ќе ги донесат новите имиња.

Изборните листи кои ги состави СДСМ, од кои веќе е јасно дека лидерот Бранко Црвенковски нема да биде ниту пратеник, се сметаат како тенденција за промовирање нови кадри. Други аналитичари, сепак, предупредуваат дека уште е рано да се каже какви тендеции може да се очекуваат, бидејќи, како што
Во секој случај секое обновување на кадрите, појавување на нови имиња, значат и новости во начинот на водењето на политиката и државата.
велат, иако Црвенковски не е кандидиран како мандатар тој како претседател на партијата има значајна улога во креирањето на политиката.

Но, според аналитичарот Алберт Муслиу, изборот на кандидатите со кои најголемата опозициска партија ќе се обиде да победи на изборите покажуваат тенденција за обновување.

„Во секој случај, секое обновување на кадрите, појавување на нови имиња, значат и новости во начинот на водењето на политиката и државата.“


Иако за пратеник нема да се бори ниту поранешниот премиер Владо Бучковски, други аналитирачи сметаат дека на листите нема многу други нови имиња.

„Листите и носителите беа онакви какви што се предвидуваа“, вели политикологот Владимир Божиновски.

Тој смета дека улогата на Црвенковски, како лидер, останува важна.

„Ние можеме да говориме за Владо Бучковски, дека можеби неговото влијание во СДСМ веќе не е значајно, со тоа што не е на пратеничките листи. Но функцијата којашто ја има Бранко Црвенковски му дава многу големо значење.“
Ние можеме да говориме за Владо Бучковски, дека можеби неговото влијание во СДСМ веќе не е значајно, со тоа што не е на пратеничките листи. Но функцијата којашто ја има Бранко Црвенковски му дава многу големо
значење.

Откажувањето на Црвеновски да биде премиер и пратеник за едни е очекуван исход откако претходно Радмила Шеќеринска беше промовирана како иден можен мандатар. Еден од аспектите кои ќе бидат значајни на овие избори е дека просторот за критики на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на лидерот на СДСМ се намалува, вели Муслиу. Во меѓувреме, според него, гледаме тенденција, особено кога се објави дека Шеќеринска ќе биде можен иден мандатар да се префли нивната реторика кон неа.

„Потегот СДСМ го направи, а внатрешното уредување на СДСМ е работа на членовите на СДСМ, така што мислам дека треба таа тенденција да се избегнува, сите граѓани да се мешаат во работата на политичките партии, тоа е работа на нивното членство.“

Инаку, на конгресот е донесена одлука за предизборно коалицирање со 15 политички партии. Меѓу нив се НСДМ, ПЕИ, две партии од турската националност. На листите, носителите во сите шест изборни едниници се кандидати од СДСМ.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG