Достапни линкови

Академик Никола Кљусев постхумно одликуван со орден


Синот на покојниот премиер го прими орденот „Осми Септември“
Претседателот Ѓорге Иванов денеска постхумно му додели орден 8 Септември на академик Никола Кљусев, премиер на првата демократски избрана Влада на независна Република Македонија од 1991 до 1992 година. Орденот му е доделен за придонесот во трасирањето на патот на самостојната македонска држава, реализирајќи ја вољата на македонските граѓани непосредно изразена на референдумот за независност на 8 септември. Доделувањето на орденот се совпаѓа со одбележувањето 20 години од изборот на првата експертска влада на РМ.
XS
SM
MD
LG