Достапни линкови

Прилепското стопанство во колапс


Текстилна фабрика во Прилеп
Текстилна фабрика во Прилеп

Прилепското стопанство е во колапс. Светската економска криза се уште остава последици врз работата на фирмите и покрај позитивните очекувања за годинава.

Претпријатијата кои вршат на увоз на репроматеријали бележат намален профит поради енормниот раст на цените на суровините на странските пазари. Прехранбената индустрија „Витаминка“, една од најуспешните компании во македонски рамки, само за шест месеци од минатата година, евидентира загуби во профитот од 650.000 до 700.000 евра.
Заклучок, профитот кој што го остваруваме е послаб виза ви во нормални услови што требаше да го оствариме. Некаде тоа мора да донесе последици. Во моментов најприоритетно ни е одржувањето на ликвидноста, во однос на запоставувањето на развојот за извесно
време.


„Многу со појак интензитет од август наваму губиме профит за фирмата и многу фирми како нас исто така во републикава виза ви темпото на пораст на продажните цени. Заклучок, профитот кој што го остваруваме е послаб виза ви во нормални услови што требаше да го оствариме. Некаде тоа мора да донесе последици. Во моментов најприоритетно ни е одржувањето на ликвидноста, во однос на запоставувањето на развојот за извесно време“, вели Симон Наумоски, претседател на Управниот одбор на компанијата.

Тој додава дека сепак клучна определба на компанијта годинава е да се надмине границата од десет милиони евра пласман на странските пазари и тоа на производи со големина од минимум пет грама, а максимум еден килограм. И во догледно време целосна реализација на инвестицијата за изградба на нова фабрика за чоколади.

фабриката Еурокомпозит во Прилеп

Наспроти „Витаминка“, каде никогаш не бил загрозен статусот и иднината на околу 400 работници, во „Еурокомпозит“, менаџерите се соочуваат со проблемот на технолошки вишок на третина од вкупно 420 работници. Целата енергија на раководството е фокусирана кон изнаоѓање солуција за овој проблем, зашто во спротивно со заканите на Синдикатот на фирмата од постојани штрајкови, не е исклучена опасноста од стечај. Бидејќи сметката е блокирана, работа нема доволно, а обврските кон доверителите постојано
Во решавање на превработеноста, ветено беше дека ќе се бараат мерки во правец на интервенција со одредени средства
растат. Раководството во безизлез бара помош од Владата, која е целосно сопственик на капиталот на оваа фабрика за наменско производство.

„Во решавање на превработеноста, ветено беше дека ќе се бараат мерки во правец на интервенција со одредени средства со кои еднаш за секогаш ќе се реши тој проблем. За да се намали бројот направивме и некоја анкета тука“, вели Никола Лучески, директорот на „Еурокомпозит“.

Големи се проблемите и во другиот прилепски загубар „Тутунски Комбинат“. По доаѓањето на новиот раководен тим на чело со Александар Дерменџиев, и покрај најавите, нема официјални информации за медиумите: што се случува со претпријатието, каква ќе биде судбината на околу 1200 вработени, има ли стратегисти инвеститор или стечајот ќе биде епилогот на долгогодишната агонија на вработените и продуцираните загуби на сите досегашни раководства. Во оваа ситуација вработените се уште имаат надеж дека Комбинатот еден ден ќе застане на здрави нозе.

Тутунски комбинат Прилеп

„Се надевам дека ќе има план новиот генерален директор за зголемување на процесот на производство. Значи со подобри производствени, финансиски резултати, анологно следуваат и повисоки лични доходи“, вели Венера Николоска, една од вработените, но и сопственик на акции во комбинатот.

Од друга страна во прилепските конфекции се подобрува ситуацијата. Полека странските партнери се враќаат на овој пазар, се зголемува обемот на работа и се очекува годинава да биде многу подобра во споредба со минатите две. Но, сопствениците имаат став дека иднината е во инвестиции и зголемување на производството за домашниот пазар. За да се обезбеди непречена работа и сигурна иднина на преку 2000 вработени во оваа гранка, се бара од државата да преземе мерки за заштита на домашното производство од увоз на кинеска стока која е можне конкурентна и затоа што се царини на килограм.

И на крајот се дуќанџиите, бакалите, кои се жалат дека по последното зголемување на цените на прехранбените производи, значително им е намален прометот и профитот, зашто граѓаните секој ден се се посиромашни.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG