Достапни линкови

Загубарите ќе се продаваат во ,,четири очи"


Загубарите на продажба
Загубарите на продажба

По неуспешните тендери, најверојатно четирите фирми загубари ќе се продаваат во ,,четири очи". Дали вработените ќе бидат жртва за поатрактивна понуда?

Загубарската четворка најверојатно ќе се продава во четири очи, но за тоа да се случи ќе бидат потребни законски измени. Ова е резиме од изјавата на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој не се надева дека ќе се најде купувач за во неполните десет дена кој остануваат од последниот тендер за продажба на Емо, Охис, Еурокомпозит и Прилепски тутунски.
Сепак за продажбата се поставуваат повеќе прашања. Прво, на што се должи неуспехот за продажба на овие компании, зошто не може фирмите да останат во државна сопственост и дали пропаднатите претходни тендери за продажба ќе значат опуштања на вработени, се` со цел фирмите да бидат поатрактивни? На последново прашање нема одговор ни од експертите ни од опозицијата, бидејки процесот на продажба е мошне затворен. Познато е само кога има тендер, а самиот процес на понуда е организиран од стручни консултанти и до сега во јавноста само се шпекулираше за можните исходи од тендерите, а за заинтересираните инвеститори немаше детали. Меѓу малку
Ако треба да се намали ќе се намали, но зависно од тоа какви интересенти имаме, ако се двајца, тројца ќе видиме, па ќе разговараме, преговараме, ќе видиме понуди по поволни состојби и можности
познатите работи за обидите за продажба беше понудата на овие компании со сите вработени. Услов за инвеститорите беше да се задржат сите работници на одреден временски период. Токму тој услов може да стане субјект на преговори, смета професорот Христо Карталов, кој одговара на прашањето дали при понудата ќе треба да се намали бројот на работници во загубарската четворка?

,,Ако треба да се намали ќе се намали, но зависно од тоа какви интересенти имаме, ако се двајца, тројца ќе видиме, па ќе разговараме, преговараме, ќе видиме понуди по поволни состојби и можности."

Самата понуда на овие компании со априори поставени услови се покажа како неуспешна и моделот треба да се промени, Смета Карталов:

,,Неможе само со ,,скрстени раце" да чекаат, тие објавиле тендер и дека некој ќе им се јави на тендерите, треба едноставно да ги маркираат потенцијалните инвеститори и со нив да работат."
Владата мора да се ослободи од нив, бидејќи голем дел работници се формално врзани во тие колективи, а не добиваат плата, терет се на државата и од тие причини

Македонска Берза - индекс во Септември


Експертите до сега неколку пати посочија дека загубарите се товар на државата. Професорот Тихомир Јовановски одговорена на последното од неколкуте основни прашања за загубарската четворка: Зошто под итно треба да се продадат овие компании?

,,Владата мора да се ослободи од нив, бидејќи голем дел работници се формално врзани во тие колективи, а не добиваат плата, терет се на државата и од тие причини, а нормално и секоја влада сака да си ефектуира одреден приход врз база на тоа."

Инаку, четирите загубари се последните фирми во државна сопственост, од вкупно 40 претпријатија - загубари од периодот од пред транзицијата. На овој тендер, три фирми од загубарската четворка се нудат со исчистени долгови кон државата. Сепак, за сега не се знае колку овие фирми им должат на други депоненти.
XS
SM
MD
LG