Достапни линкови

Јапонија пред нуклеарна катастрофа?


По природните, земјотрес со рекордна сила и огромно цунами кои во петокот голтнаа цели населени места во североисточниот дел на земјата, на Јапонија и се заканува и нуклеарна катастрофа. Денеска имаше уште една експлозија во нуклеарната централа Фукушима која беше оштетена во петокот.

Во експлозијата во третиот реактор на централата Фукушима биле повредени десетина луѓе, но како што е наведено, не било оштетено јадрото на контејнерот.

„Имаше силен звук од реакторот број 3 по што се издигна бел чад. Сметаме дека тоа е експлозија на водород“, изјави портпаролот на токиското електростопанство Каору Јошида.

По експлозијата, според најновите информации, во третиот реактор откажал системот за ладење.


Слични проблеми имаше и по експлозиите во другите два реактора. Јапонските власти соопштија дека во околината на оваа нуклеарка, која се наоѓа на 240 киломтери северно од Токио, радиоактивноста била над дозволената граница, но оти се уште не претставува закана за луѓето.

До ова дојде откако во саботата од експлозија беше урнат покривот на првиот реактор на оваа централа.

Премиерот Наото Кан изјави дека ситуацијата во Фукушима е загрижувачка и оти властите прават се што е во нивна можност да спречат натамошно ширење на штетите. Тоа го прецизираше и главниот секретар на владата Јукио Едано.

„Не можам да го негирам фактот дека постои можност јадрото на реакторот да има малку изменета форма во внатрешноста на нуклеарната прачка.“

Јапонските власти стравуваат од можно прегревање на трите реактори. Доколку тоа се случи, контејнерите би можело да се стопат, па дури и да експлодираат, со што би се ослободила радијација во атмосферата.
Имаше силен звук од реакторот број 3 по што се издигна бел чад. Сметаме дека тоа е експлозија на
водород.

Околу 80 илјади луѓе се евакуирани во радиус од 20 километри од нуклеарката Фукушима. Се додава и тоа дека околу двесте луѓе веќе биле изложени на голема радијација.

Во меѓувреме, јапонската агенција Кјодо објави дека денеска биле откриени околу две илјади тела на бреговите на префектурата Мијаги која беше најсилно погодена од цунамито.

Се стравува дека бројот на жртвите од петочните катастрофи би можело да изнесува над 10 илјади луѓе.


Според податоците, околу 300 илјади луѓе биле евакуирани, додека речиси два милиони домаќинства се без електрична енергија. Како дел од превентивата е и планираното исклучување на струјата.

„Електростопанството и Тохоку Електрик можат да спроведат исклучување на струјата во регионот со цел да се спречат неочекувани испади на електричната енергија“, изјави министерот за економија, трговија и индустрија Банри Каиеда.
Нова експлозија во нуклеарката Фукушима
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:45 0:00

Јапонската метеоролшка агенција соопшти дека шансите, во наредниве три дена, да дојде до уште еден земјотрес со магнитудата од над 7 степени според Рихтеровата скала се над 70 проценти.

Јапонската берза денеска забележа пад од шест отсто, и покрај тоа што јапонската централна банка интервенираше со рекордни 180 милијарди долари во банкарскиот систем за да ја смири бурата на пазарот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG