Достапни линкови

Катастрофални последици од цунамито во Јапонија


Силниот земјотрес што ја погоди Јапонија со сила од 8,9 степени по Рихтеровата скала, предизвика цунами, односно голем бран од неколку метри. Некои извештаи велат дека брановите го опустошиле североисточниот брег на Јапонија и се страхува дека однесле неколку стотици човечки животи, а имало и многу исчезнати.

Јапонскиот премиер Наото Кан кој изрази соочувство за жртвите наведе дека штетите биле огромни.

,,Формиравме оддел за справување со катастрофата и за обезебдување помош на сите. Одделот ќе работи за редуцирање на штетите на најмало можно ниво.,,

Премиерот Кан прецизира дека немало никакви штети на нуклераните централи.

Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена соопшти дека четирите нуклеарки кои се најблиску до погоденото подрчје биле
безбедно затворени.

Има извештаи дека од цунамито дошло до пожар на нуклеарната централа во префектурата Мијаги, но оти нема опасност од радијација.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека светот е шокиран од катастрофата.

,,Во име на Организацијата на Обединетите нации, сакам да го изразам моето најдлабоко сочувство до јапонскиот народ.,,

Портпаролот на јапонската влада Јукио Едано изјави дека во погодените делови на земјата ќе биде испратена војска за да им помогне на настраданите.
Ова катастрофа се уште трае. Од најновите сателитски слики можеме да шпекулираме дека тоа ќе трае во наредните најмалку 22 часа, бидејќи се уште не погоди некои од крајбрежните области.
Се оценува дека ова бил најсилен земјотрес што ја погоди Јапонија досега. Епицентарот бил под морето на околу 380 километри североисточно од Токио каде што земјотресот предизвикал пожар на неколку згради и во една рафинерија за нафта.

Огромни штети цунамито остави во градот Онахама каде што бранот носел автомобили и камиони и уривал куќи.

Предупредување за цунами, освен за Јапонија било издадено и за Русија, Австралија, Филипините.

Садиа Кајнциг од Меѓународната организација на Црвениот Крст и на Црвената полумесечина изјави дека загриженоста е голема со оглед на тоа што катастрофата се проширила во многу земји.

,,Ова катастрофа се уште трае. Од најновите сателитски слики можеме да шпекулираме дека тоа ќе трае во наредните најмалку 22 часа, бидејќи се уште не погоди некои од крајбрежните области.,,

Веднаш по катастрофата бил забележан и голем пад на берзата во Токио, но и пад на цената на нафтата.

Инаку земјотресите се честа појава во Јапонија, која важи за едно од најсеизмичките подрачја во светот.

Во земјотресот што во 1995 година го зафати градот Кобе загинаа над 6 илјади 400 луѓе, а штетите изнесуваа над 100 милијарди долари.

Една од најсмртоносните природни катастрофи досега беше земјотресот во близина на брегот на Суматра во 2004 година кој предизвика серија цунами бранови при што загинаа над 230 илјади луѓе во 14 држави чии брегови излегуваат на Индискиот океан.
Силен земјотрес и цунами во Јапонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG