Достапни линкови

18 Дионисови слави


Дионисови слави повторно во Градската библиотека Браќа Миладиновци.
Дионисови слави повторно во Градската библиотека Браќа Миладиновци.

Со учество на писатели, изведувачи, групи и културно уметнички друштва, припадници на македонското малцинство од Бугарија, Грција и од Албанија, во организација на Културниот центар СКРБ И УТЕХА ТИХА, ќе се одржат 18-те Дионисови слави, манифестацијата чија цел е да го стимулира творештвото на Македонецот во регионов.

Фолклорната група од Овчарани, леринско, македонското друштво Илинден од Тирана со изворни песни што ќе ги пее Флоренц Садику, музичката група при читалиштето Никола Јонков Вапцаров од пиринско, обредната група Македонче од Шумен, вокалната група Лешничани од Голобрдо, КУД Билјана од Здружението на слепи лица , претставување на весниците Нова зора, Народна воља и Преспа, промоции на книгите Земја на пеплишта и дијаманти од Еуџенио Барба и Кој ја фалсификувал историјата од Ѓорѓи Радуле, филмови и театарски претстави...се само дел од активностите што ќе се случуваат на 18-то издание на Дионисови слави, манифестацијата што во овие два дена ќе се одржи во Скопје.

„Концепцијата е како и секогаш обединување на сите уметници во тоа што се нарекува Дионисови слави, една религија на дарување наречени ’Песни и ора‘ како славење на својот народ и култура“, вели актерот и режисер Тихомир Стојановски од Културниот центар СКРБ И УТЕХА ТИХА, организатори на ова традиционално случување.

Говорејќи за одбраните содржини тој забележува дека Дионисовите слави имаат за цел да и го претстават на јавноста:

„Сето она што подразбира славење на македонската култура, без омраза или негирање на културата на соседните земји, затоа што дел од нашите Македонци има кои пишуваат и на албански, на грчки, бугарски, па сепак остануваат дел од македонската култура.“
Сето она што подразбира славење на македонската култура, без омраза или негирање на културата на соседните земји, затоа што дел од нашите Македонци има кои пишуваат и на албански, на грчки, бугарски, па сепак остануваат дел од македонската
култура.

Инаку, за место на обистинување и на ова издание на Дионисови слави повторно е одбрана Градската библиотека Браќа Миладиновци.

„Публиката се навикна на тој простор кој меѓу тие книги, духовна вредност, на еден начин се случува една поинаква култура од онаа естрадната и комерцијалната, култура на самопромоција.“

Од друга страна, на прашањето дали државата доволно се грижела и се грижи за културата на Македонците во соседните земји и нивните настојби да творат и на тој начин да се борат за сопствениот идентитет во тие средини, Стојановски со одговор:

„Можеби не се грижеше доволно, меѓутоа се поставува и прашањето, после сите овие политички случувања, дали воопшто смеела да се грижи, дали би дозволено, и сето тоа го доведува под знак прашање и голема дилема оној проект на ’Европа без граници‘, барем што се однесува до Македонија.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG