Достапни линкови

Нереален економски раст?


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Експертите ја сметаат за нереална владината проекција за економски раст од два отсто. Ќе биде добро и да е половина од тоа, велат тие.

Ќе биде добро ако Македонија годинава реализира половина од проектираниот раст на економијата од два отсто, коментираат дел од домашните економски експерти.
Државниот завод за статистика деновиве излезе со податок дека индустриското производство во првите 11 месеци годинава е помало за четири отсто во споредба со истиот период лани.
Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека главните сектори кои допринесуваат во БДП-то се намалени. За растот допринесуваат само три дејности, вели Поповски.
Тоа кажува дека македонската економија нема сопствен пазарен импулс, нема сопствен пазарен развој, туку исклучително се потпира на буџетските стимулации, а тоа нема долгорочна персепектива.

„Една од нив е градежништвото што се форсира од буџетски средства и друго се јавните сектори, јавната администрација, социјалната заштита, одбраната, образованието и здравството, што се буџетски финансирани. Тоа кажува дека македонската економија нема сопствен пазарен импулс, нема сопствен пазарен развој, туку исклучително се потпира на буџетските стимулации, а тоа нема долгорочна буџетска персепектива.“

Економскиот аналитичар Ден Дончев се согласува со констатацијата дека главните сектори кои допринесуваат во БДП-то се намалени.
Дефицитот на тековната сметка годинава, вели Дончев, ќе се намали за околу 300 милиони евра во однос на минатата година, а тоа позитивно ќе влијае на БДП-то. Македонската економија „се шлепа“ на парите од дијаспората, вели тој.

„Најголемиот дел од намалувањето на дефицитот на тековната сметка што придонело на зголемување од 6% при мерењето на БДП, се должи исклучиво на драстично зголемените приливи од трансферите и зголемените дознаки од дијаспората.“
Во четвртиот квартал би требало стапката на раст да се подигне некаде на 4 до 5% ако не и повеќе, за да може на годишно ниво растот да биде два отсто и тоа автоматски кажува дека стапката на раст ќе биде многу, многу пониска од проектираната.

Во третото тримесечие од годинава економијата порасна за 1,3 отсто. Растот главно се должи на зголемувањето на извозот, како и на подобрувањето во секторот градежништво, за дури 18,4 отсто. Во првото тримесечие од годинава, македонската економија забележа пад од 0,9 отсто, а во второто порасна за 0,4 отсто.

Поповски проценува дека вкупниот економски раст годинава ќе биде меѓу половина и еден процент.

„Во четвртиот квартал би требало стапката на раст да се подигне некаде на 4 до 5 проценти ако не и повеќе, за да може на годишно ниво растот да биде два отсто и тоа автоматски кажува дека стапката на раст ќе биде многу, многу пониска од проектираната, значи таа нема ниту половина од проектираната да биде, ќе биде најверојатно под еден отсто.“

Пред неколку дена, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски ретерираше од владините тврдења дека растот ќе биде два отсто. Тој рече дека проектираната стапка на раст се уште е предизвик, но оти очекува растот да биде меѓу еден и два отсто.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG