Достапни линкови

Молк за долг


Колкав е долгот на државата кон градежниците?
Колкав е долгот на државата кон градежниците?

Бизнисмените не сакаат јавно да зборуваат за долговите на државата плашејќи се од механизмите што таа ги има за „одмазда“.

Во ситуација кога државата е главниот инвеститор, фирмите тераат политика „Не задевај се со инвеститорот, полесно е“, велат дел од сопствениците на градежните фирми. Фирмите тешко работат во услови
Да не се замери, да не каже нешто што утре може да му се одрази на добивање на работа и евентулно
наплата.
кога се прекинува циркулацијата на парите со тоа што државата повторно му должи на стопанството. Но за долгот на државата кон стопанството малку се зборува во јавноста, нема официјални податоци за колкав долг станува збор. Претседателот на здружението на градежници и сопственик на градежна фирма Никола Велковски вели дека на состаноците, сопствениците велат дека државата повторно доцни со плаќањето, но никој јавно не се жали за тоа.


„Да не се замери, да не каже нешто што утре може да му се одрази на добивање на работа и евентулно наплата. Јас се уште не можам да ги разберам, на состаноците кога генерално дебатираме на оваа тема се зборува дека не се плаќа, дека не е редовно плаќањето, ама поединечно секој правен субјект, градежните компании кога даваат изјава велат не знам, нам ни се плаќа...“

Велковски вели дека биснисмените не стравуваат дека нема да ги добијат парите од државата што им ги должи, туку стравуваат ако се пожалат дека ќе бидат казнети на наредниот тендер.
Ако бидете понастојчиви да си ги барате обврските, а во Договорот сте потпишале дека имате заеднички обврски, приватниот инвеститор веќе може да не те земе, а владата пак како инвеститор има други инструменти, може да те исконтролира, по оваа основа, онаа основа, да не ти даде
работа.


„Ако бидете понастојчиви да си ги барате обврските, а во Договорот сте потпишале дека имате заеднички обврски, приватниот инвеститор веќе може да не те земе, а владата пак како инвеститор има други инструменти, може да те исконтролира, по оваа основа, онаа основа, да не ти даде работа.“

Извршниот директор на Сојузот на стопанските комори Митко Алексов вели дека не е присутен стравот кај бизнисмените.

„Па, не би рекол дека станува збор за страв, тоа се деловни односи меѓу два субјекти. Не станува збор за страв, не гледам зошто, ако на некој државата му должи сто илјади денари тоа се средува, нема потреба да се објавува некаде итн.“

Според анкетата на Сојузот на стопански комори држвата не должи многу пари, само доцни со исплата кон неколку бизнисмени за враќање на ДДВ или исплата на обврски за извршена работа, услуги или стоки.

Професорката Марија Зарензанкова Потевска вели дека во Македонија не постои партнерски однос меѓу државата и стопанството.

„Не постои затоа што ние можеби како резултат на претходниот систем се уште работиме по инерција дека работите сами од себе ќе се решаваат, некогаш и се решаваат, но мора и малку поактивен пристап и настап кон решавање на проблемите.“

Експертите велат дека долгот на државата кон стопанството се одразува негативно кон нивното работење и на долгорочен план си прави штета сама на себе со тоа што потоа нема да може да си ги наплати давачките.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG