Достапни линкови

Пацоли бара од Бериша мерки против тврдењата на Марти


Сали Бериша
Претседателот на Алијансата за Ново Косово Беџет Пацоли испрати писмо до албанскиот премиер Сали Бериша во кое се вели дека Дик Марти сака да го оцрни албанскиот народ со наводите за трговија со човечки органи за кои е обвинет Хашим Тачи и Ослободителната војска на Косово.
Тој побара од Бериша да закаже национална тркалезна маса на сите политички партии на која би се решило што да се преземе во врска со тврдењата на Марти.
Пацоли смета дека Марти сака обвиненијата да ги претвори во политички документ со тоа што Советот на Европа ќе издаде налог ЕУ да покрене истрага за случајот.
XS
SM
MD
LG