Достапни линкови

Подготвеност за решение?


Една од средбите на претседателот Ѓорге Иванов со медијаторот Метју Нимиц
Една од средбите на претседателот Ѓорге Иванов со медијаторот Метју Нимиц

Испраќа ли македонската страна порака дека е подготвена на компромис за името, по изјавите дека годинава се очекува надминување на спорот?

Во изјавите на државниот врв дека се очекува годинава конечно да биде надминат спорот со Грција за името, може да се прочита дека македонската страна испраќа порака до Грција и до Нимиц дека се спремни на компромис за изнаоѓање на решение за спорот, вели професор Димитар Мирчев. Тој додава дека годинава може да се очекува спорот да достигне зрела фаза, дури и да дојде до крај на овој процес.

„Повеќе месеци се потребни за да се подготви јавноста за некоја промена и за некое
Mислам дека има повеќе и време и маневарски простор, владите не се оптоварени со некои непосредни задачи, така што мислам дека може продуктивно да се искористи тој временски
простор.
решение. После тоа процедурата да се изведе, дали референдум, дали во собрание, во парламентите ратификација итн. Така што тоа трае повеќе месеци и сега мислам дека има повеќе и време и маневарски простор, владите не се оптоварени со некои непосредни задачи, така што мислам дека може продуктивно да се искористи тој временски простор.“

Шефот на државата Ѓорѓе Иванов на првиот ден од годинава изјави дека македонската страна верува оти ќе се најде решение и затоа и учествуваат во овој процес. Секој пат сме конструктивни и ги даваме сите нашите предлози како да се најде решение, вели Иванов.



„Можно е да се оствари средба помеѓу господинот Нимиц и господинот Јолевски и Василакис. Очекуваме таа средба да го динамизира овој процес.“
Можно е да се оствари средба помеѓу господинот Нимиц и господинот Јолевски и Василакис. Очекуваме таа средба да го динамизира овој процес.

Од кабинетот на Претседателот велат дека државниот врв и понатаму останува на тоа да се изнајде решение кое нема да биде на штета на двете страни и ќе биде согласно резулуциите на ОН.

Премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање соопшти дека и во 2011 година ќе ги продолжат напорите за изнаоѓање решение на спорот со кое би се деблокрирало членство на земјата во НАТО и преговорите со ЕУ.

Вчера, пак, лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека треба да се очекува оти во текот на оваа година ќе се затвори проблемот со името. Според него ако сакаме решение за спорот, во преговорите треба да се да се вклучат и САД.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG