Достапни линкови

Малите и средни бизниси тешко преживуваат


Куманово
Куманово

Процесот на развојот на малите и средните претпријатија во времето на глобалната економска криза во Куманово се одвива бавно и тешко.

Нивните сопственици секојдневно се борат со преживување и барање информации за стабилизирање на нивниот опстанок. Малиот пазар во државава ги принудува да размислуваат за зголемување на производството и неговата понуда на европските пазари. Затоа како што велат, секоја информација од компетентните во државава им е добредојдена. Тие од Методиј Хаџи Васков заменик министер за економија побараа информации за што подобро запознавање со активностите на ресорното Министерство за
Претприемништвото е специфичен вид на иновативност, креативност и потенцијал за преземање ризик за остварување на одреден проект, кој најцелисходно се реализира преку малите и средните претпријатија. Тоа е пракса во сите земји на ЕУ
подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија, претпиремништвото, конкурентноста. Од Хаџи Васков тие добија објаснување кое подразбира:

,,Претприемништвото е специфичен вид на иновативност, креативност и потенцијал за преземање ризик за остварување на одреден проект, кој најцелисходно се реализира преку малите и средните претпријатија. Тоа е пракса во сите земји на ЕУ.“

Ќе заживее ли економијата во Македонија е прашањето кое секојдневно граѓаните го поставуваат!

„Во голем дел се новите новите програми, проекти да се даде приказ на севкупната состојба во Македонија која во последниот квартал покажува стабилни знаци на заздравување. Еден од главните фактори за тоа е пред се
Значајно е динаминизирањето на индустриите извозно ориентирани за креирање производи со поголем данок на додадената вредност
зголемувањето на извозот, односно намалување на дефицитот на тековната и трговската сметка. Значајно е динаминизирањето на индустриите извозно ориентирани за креирање производи со поголем данок на додадената вредност. Токму затоа и очекуваме поголем плод.“

Невработеноста пак, проблем со кој се соочуваат граѓаните во Куманово е причината поради која во не мал број од Агенцијата за поддршка на претприемништвото бараат помош за започнување мали бизниси и самовработувања.
Маја Петрова од оваа Агенција вели дека во секое време даваат консултантски услуги за почеток на нови бизниси.

„Агенцијата соучествува и партнер е на Владата за кредитирање и самовработување и постојано следиме до каде е развојот на претприемништвото во државава и поттикнување на малите бизниси во РМ.“

Петрова додава дека бројот на заинтересираните се зголемува, а претприемништвото е:

„Во постојан подем и пораст.“

Петар Поп Арсов пратеник и претседател на Комисијата за европски прашања во Собрнаието на РМ, вели дека развојот на малите и средните претпријатија е од големо значење за евроинтегративните процеси. Според Поп Арсов:

„Евроинтегративниот процес не е процес кој треба да го спроведуваат само државните органи, Владата, Собранието, министерствата. Тој ги допира сите сегменти на општеството до самиот граѓанин.“

Тој додава дека значењето на развојот на малото стопанство е и поради тоа што:

„Во поранешна Југославија егзистираа големи фирми-гиганти кои потоа имаа проблем со своето егзистирање од што произлегоа армија стечајци и сеуште се соочуваме со тие проблеми.“

А во Куманово бројката од над 30 илјади невработени е проблемот со кој се соочува најголемата локална самоуправа. Затоа и граѓаните бараат секакви можности да обезбедат скромна егзистенција користејќи ги советите и минималната финансиска помош од државата.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG