Достапни линкови

Ваши коментари


Темата во нашиот Хајд парк, но и вчерашниот митинг на опозицијата, со најмногу коментари од нашите слушатели.

Нашиот читател Џони од Валандово ја изгледал видео-анкетата во Хајд паркот на Радио Слободна Европа со прашањето како на семејниот буџет ќе се одрази кратењето на позитивната листа лекови и си го испратил својот коментар, дури и со препорака: ,,Ништо, драги мои сограѓани, фатете се за традиционалната медицина,, - пишува Џони, - ,,Раните ги лечам со медицината ракија и вино и гласајте за Грујо и неговите конзервативни вредности со кои патот до Господ е побрз и поедноставен! Чувај се, народе!,, извикува овој наш редовен слушател од југот на Македонија. Инаку, политиката очигледно повеќе ги интересира слушателите, па во врска со нашите текстови дали владее политичка апатија кај граѓаните, и за маршот на демократијата што вчера го организира најголемата опозициона партија, СДСМ, - имаат испратено многу повеќе лични видувања и пораки:
Дејан од Скопје вели: ,,Бранко е во опозиција, ВМРО е на власт повеќе години. Е, добро, де, не го бивало СДСМ - затоа изгуби на избори. А, сега?,, - прашува Дејан. Лажните идентитети на пораките се вообичаени, па некој слушател потпишан како ,,Ставот на Игор Јанев,, од градот ,,СМК,, направил цела виви-секција на ликот и карактерот на Бранко Црвенковски (што поради должината не можеме целата да ја објавиме), за кого не смета дека е неморална личност или предавник, туку дека бил човек без стручни квалификации за материјата од меѓународните односи и воопшто, за државните работи, па за времето на годините кога бил на власт, според овој слушател, ниту еден суштински проблем не можел да реши. И редовниот Миле од Охрид не смета дека народот го зафатила политичка апатија и дека граѓаните до крајна можна точка се ангажирани на полето на најважното политичко прашање- името. Нашиот текст за аферата ,,Патриотска метла,, ги испровоцирал слушателите да пишуваат пораки со свое видување на нештата: Јово од Скопје вели дека не е ВМРО-овца, но барем ,,фирерот,, како што го нарекува премиерот, прави за моето око, ако не прави за мојот џеб. Дане извикува дека на Владата и се кратки нозете!, а Весна дека ,,ниту една метла нема да може да им го измете криминалот на ДПМНЕ! Готови се!,, пишува на крајот Весна. Ања вели дека: ,,Патриотската метла ќе ви го открие криминалот на кој се посветивте 24/7 во изминативе 5 години,, а Игор од Куманово пишува: ,,Не се работи за патриотизам, за криминал се работи,,.

Тука можете да коментирате во рубриката „Хајд Парк“

Хајд Парк - Лекови
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG