Отворената поделеност на медиумското ткиво и на граѓаните, она што веќе зеде голем замав и стана карактеристика за Македонија во овие 3-4 години веќе не се обидува никој да скрие, па ниту новинарите и нивните производи. За денеска ви нудиме сендвич, а дали ќе се послужите, ќе си решите вие, почитувани.
„Ноќта на кратките пендреци“, е насловот на главната сторија во Глобус, по петочните случувања во А1. „Тоа дека македонското општество е длабоко поделено по основ на круцијалните прашања за неговиот развој беше познато и досега“, забележува неделникот, но случувањата околу А1 телевизија ја радикализираа таа поделба не на повеќе делови, туку буквално на две Македонии, кои, очигледно не сакаат, не можат и нема да можат веќе да најдат ниту една точка што би им послужила како некаков кохезионен фактор, прилично дефетистички заклучува Глобус.
Како поднаслови неделникот излегува со следниве констатации: „Публиката која ја гледа ’Кога лисјата паѓаат‘ не е склона да излегува на протести затоа што на Анета Додевска не и било дозволено да влезе на своето работно место“ и како лажна ја изнесува дилемата „дали е поважно да се запре нелегалното производство на смоки, или да се овозможи слободата на движење“.
Со насловот „Контаминирана вистина“ излезе најновиот број на Форум за во едиторијалот за „Денот кога умре новинарството“ да го заклучи следново: „Онаа вечер кога полицијата ја опколи А1 (приказните со компаниите на Велија Рамковски се во сосема друг контекст), и кога новинарите и телевизиите се нафрлија едни врз други - дефинитивно умре новинарството, ако воопшто и живееше. Остана само контаминиран простор на гола пропаганда од разни страни. Остана фактот дека во една мала земја, каде што сите ние се знаеме и сме делеле и добро и лошо, поранешни најдобри пријатели си нарипаа едни врз други. Не остана никаков простор за дистанцирано, објективно мислење. Ни се случи прозивка за припадност по табори“, разочарано пишува Форум.
Уводникот на Фокус извикува „За преродбата со Ѕинго - напред!“, за потоа да праша: „Кој сака да ја види А1 на колена?“. “Прво на Ѕингота му дозволија да има партија и телевизија“, потсетува неделникот. „Не остана покусо и Борис Стојменов, кој на пенџерчето кон власта, т.е. светот, си додаде и партија. Потоа на ВАЦ му ги дадоа сите дневни весници, сосе доминантниот дистрибутер. На крајот стигна Рамковски, кој направи своевиден ’џандар збира‘. Ако можат претходните, зошто тогаш тој да не смее да си има и телевизија и партија, сосе весници, ем дистрибуција!? Изгледа затоа што Преродбата ги јаде само оние нејзини деца кои премногу ’јадат‘ против Преродбата!’, заклучува во уводникот Фокус.