Достапни линкови

Поддршка до новинарите


Новинари, сниматели...
Новинари, сниматели...

ЕУ изразува загриженост и бара објаснување за случајот А1 ТВ. ЗНМ и Советот за радиодифузија со поддршка до новинарите и апел да не се злоупотребуваат.

Европската унија е загрижена за инцидентот во А1 синоќа. Канцеларијата контактираше со Министерката за внатрешни работи и ја повика да даде изјава со која што ќе ја објасни полициската интервенција, со цел да се избегнат понатамошни недоразбирања. Ова е официјалниот став од делегацијата на Европската унија во Скопје.
Првата жена на независниот Синдикат на новинари и медиумски работици Тамара Чаусидис вели дека синоќешниот настан е срам за целата земја:

„Тепање, газење, влечење и понижување на колегите од А1 кои беа попречени во работата е нешто за што едноставно нема оправдување ниту со проверка на финансиското работење, ниту со каква било друга законска процедура.“
Тепање, газење и онижување на колегите од А1 нема оправдување ниту во проверката на финансиското
работење.

Синдикатот апелира и до работодавачот:

„Воедно уште еднаш Синдикатот апелира до рабодотавачот со транспарентно и законито работење да ги заштити вработените и да не дозволи новинарите да бидат доживеани како жив штит со кој се брани нечие незаконско работење или политичка агенда.“

Претседателот на ЗНМ Роберт Поповски вели дека во интерес на демократијата МВР мора да се огласи:

„Од особено значење за демократијата и заштитата на слободата на
Синдикатот апелира до рабодотавачот со транспарентно и законито работење да ги заштити вработените и да не дозволи новинарите да бидат доживеани како жив штит со кој се брани нечие незаконско работење или политичка агенда.
говорот во Македонија е МВР да и соопшти на јавноста, дали имало пречекорување на овластувањата и дали новинарите биле оневозможени во извршувањето на нивните професионални задачи, дали некои припадници на МВР примениле физичка сила врз новинарите и доколку има такви јасно да ги посочат сторителите и тие да бидат санкционирани.“

И од ЗНМ имаат барање за сопствениците на медиумите:

„ЗНМ бара од соптвениците на медиуми во Македонија да бидат пример за почитување на законите и соработка со институциите на системот, особено и пред се` кога нивниот бизнис интерес е во прашање.“

Слични забелешки и од Советот за Радиодифузија. Претседателот Зоран Стефаноски пренесува апел до политичките партии:

„Советот за радиодифузија ги повика сите политички партии да не создаваат тензија во медиумите со цел да придобијат политички поени.“
XS
SM
MD
LG