Достапни линкови

Притисок или реформи?


Уставен суд
Уставен суд

Експертите поделени за спорот Уставен суд-Влада.За едни притисок, за други отварање на прашањето за преиспитување на ширината на уставните норми.

Не се работи за политизација, туку за правничко толкување и усогласување на општите акти со Уставот. Друго е прашањето дали има потреба од преиспитување на ширината на нашите уставни норми и нивната еластичност, за да може да се прилагодат на европското законодавство. Тука професорот Саво Климовски го гледа проблемот кој во последно време се јавува на релација Уставен суд-Влада околу поништувањата на повеќе одредби од реформски закони.
мислам дека тука постои основниот расчекор, дека ние треба полека да се соочуваме со сознанието дека ќе мора да правиме нова уставна рамка доколку ги отпочнеме преговорите околу тие препораки околу кои што ќе се разговара и ќе мора да ги прифатиме од ЕУ.


„Колку нашиот Устав е подготвен да ги прими сите реформи кои што нам ни ги налага европското законодавство, мислам дека тука постои основниот расчекор, дека ние треба полека да се соочуваме со сознанието дека ќе мора да правиме нова уставна рамка доколку ги отпочнеме преговорите околу тие препораки околу кои што ќе се разговара и ќе мора да ги прифатиме од ЕУ.“

На поинаква линија размислува Тодор Џунов поранешен претседател на Уставниот Суд Уствната рамка е општа како секаде во Европа. Уставниот суд има таква положба каква што треба да има во едно општество кое што се заснова на владеење на правото, на правната држава, на почитување на човековите права, на поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Во нашето општество во пракса тоа како да престанува да е така, реагира Џунов:

„Заради тоа што извршната власт сака да ја има сета власт во државата, таа да ги оценува одлуките на Уставниот суд наместо обратно, бидејќи Уставниот суд според Уставот има надлежност да ја оценува уставноста, законитоста на актите на законодавната, извршната, па и на судската власт.“
Заради тоа што извршната власт сака да ја има сета власт во државата, таа да ги оценува одлуките на Уставниот суд наместо обратно.


Ова според него е видливо и од последниот извештај на ЕК каде беше наведено дека политичарите во делот на извршната власт не може да вршат притисок врз одлуките на Уставниот суд. Последната реакција на владата овој пат дојде откако Уставниот суд укина одредби кои предвидуваат дека превозникот за да може да добие лиценца мора со потврда да докаже дека ги платил даноците и придонесите за здравство и пензија на вработените. Министерот Јанакиевски истакна дека и во земјите во регионот е во целост имплементирана оваа регулатива. Во изјавата кажана на прес конференција Министерството за транспорт и врски предупреди за политизација на Уставниот суд прашувајќи дали истиот сака навистина Македонија да го имплементара европското законодавство.

„Не можам да разберам зошто Уставниот суд укинува одредби кои наидоа на одобрение од срана на Европската комсија.“

Незадоволството од решенијата кои Уставниот суд ги укина, донесе критики и од опозицијата која побара да не се попречуваат надлежностите на судската власт.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG