Достапни линкови

Беспарицата ги затвори дуќаните


Поради слабата куповна моќ на граѓаните се повеќе продавници во трговските центри низ градот се затвораат.

Дуќанот се издава - вакви натписи се почесто можат да се забележат залепени на излозите низ трговските центри во градот, а причината за ваквиот тренд во последно време експертите ја лоцираат во намалената потрошувачка. Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Митко Алексов вели дека граѓаните гледаат да го заштедат секој денар и како резултат на тоа одредени дуќани не можат
Народот нема доволно пари и тие пари што ги има не е сигурен како ќе се развиваат работите понатаму, така што ги штеди, ги чува и не ги троши
поради слабата побарувачка да ги покријат месечните трошоци и затоа се решаваат да стават клуч на врата.

,,Народот нема доволно пари и тие пари што ги има не е сигурен како ќе се развиваат работите понатаму, така што ги штеди, ги чува и не ги троши. Како резултат на тоа, а најверојатно треба да се земат предвид и кириите и другите трошоци што ги имаат овие дуќани, што неможе да се покријат со намалениот промет."

Професорката Марија Зарезанкова Потевска вели дека ваквата состојба е производ на блокираните сметки, малата куповна моќ на граѓаните и нискиот раст на Бруто домашниот производ во земјата. Големо влијание според неа има и лошата економска ситуација низ светот и затоа не може да се очекува подобра иднина на тој план.

,,Тоа не се менува преку ноќ, за тоа требаат финансиски средства, нашите банки недаваат финансиски средства, многу големи, високи
Тоа не се менува преку ноќ, за тоа требаат финансиски средства, нашите банки недаваат финансиски средства, многу големи, високи кредити, немаме некој финансиски систем кој што е богат
кредити, немаме некој финансиски систем кој што е богат."

И Алексов вели дека и во другите земји сликата не е сјајна и се уште владее економската криза, која се одразува и во Македонија. Има индикатори кои покажуваат дека ќе има заздравување на економијата и стабилизација на пазарот на трудот, вели тој.

,,Во смисла да населението веќе не стравува толку за своите работни места или пак и тие што работат да бидат сигурни дека ќе земат личен доход, ќе земат плата."

Според податоците на Централниот регистар во изминатава година се запишани околу десет илјади нови фирми, а затворени се речиси двојно помалку. Постапката за затворање на една фирма најчесто трае до 45 дена.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG