Достапни линкови

Поскапувања


Од се може да се скрати, но не и од јадење, велат граѓаните
Од се може да се скрати, но не и од јадење, велат граѓаните

Најново е поскапувањето за ѓубрарина, претходно парното и прехранбените производи... Граѓаните се жалат дека не знаат како ќе ги истуркаат есенските денови.

Повисоките сметки за ѓубрарина за становите се само уште една алка во низата зголемени трошоци кои го оптоваруваат семејниот буџет. Претходно на неколку пати беше зголемена и цената на парното, а крајот на летото е обележан со повисоки цени на многу прехранбени производи. Граѓаните велат дека во „најтешкиот“ месец во годината, кога се одовојуваат пари за огрев, зимница, подготовки за децата за на училиште, не им требаат уште издатоци.
Оваа плата што ја земаме ние не одговара на трошоците и за целиот месец да го иструкаш.

„Тие поскапувања често пати се неконтролирани.“

„Оваа плата што ја земаме ние не одговара на трошоците и за целиот месец да го иструкаш.“

„Мали пензии, мали плати и оптоварување е.“

Граѓаните додаваат дека се е скапо, па понегогаш се доведени до таму да избираат од што да се откажат, само да го поминат месецот:

„Може да скратиме од гардероба, меѓутоа од јадењето... Барем два пати во денот мора да се јаде.“

„Многу тешко, мора дури со позајмица за да може да се истурка од први до први.“

„Има социјални случаи што земаат по две илјади месечно. Дали да јаде, дали дрва да купи, струја да плати.“

Професорот Христо Карталов вели дека оваа есен ќе биде тешка:
Има социјални случаи што земаат по две илјади месечно. Дали да јаде, дали дрва да купи, струја
да плати.


„Во ситуација кога цените одат во нагорна линија, а примањата стагнираат или се понеизвесни или помалку ги има, тогаш очигледно е дека и неизвесностите што доаѓаат со есенските денови ќе бидат се поголеми.“

Карталов вели дека луѓето се револтирани и од тоа што мора да плаќаат повисоки сметки, а не добиваат соодветни услуги.

„Тие големи системи како електро, водовод, комуналниот смет, се јавни претпријатија во кои што државата, односно локалната самоуправа лошо менаџираше со тие системи, па оттука и високи сметки и лош квалитет на услугите.“

Јавните претпријатија, согласно одлуката донесена на јули годинава, 80 проценти од својата добивка да ја префрлаат во Буџетот. Мерката е времена и ќе трае до 2012-та година. Економистите велат дека ова е уште една индикација дека во буџетот нема пари и власта се обидува да ги најде на секој можен начин.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG