Достапни линкови

Меѓуетнички односи - влошени или не?


Од последните протести на албанските Невладини Организации во Скопје
Од последните протести на албанските Невладини Организации во Скопје

Експертите со поделен став во оценката за меѓуетничките односи. За едни состојбата е лоша, за други соживотот е добар.

(Не)Спроведувањето на Рамковниот договор е стара болка која се уште не е излечена и со тоа не допринесува за подобрување на меѓуетничките односи велат дел од експертите. Експертите се со различен став во оценувањето на состојбата со меѓуетничките односи во Македонија. За дел од нив состојбата е лоша токму поради неспроведувањето на Рамковниот Договор, за други, пак етничките заедници
Немањето смелост за изнаоѓање на решение за спорот со името, а со тоа и отварањето на вратите за евроатлантските интеграции кај албанската етничка заедница се гледа со нетрпение. Ова отвара можност и за други порадикални, порешителни опции кои можат утре да се појават на политичката сцена
имаат добар соживот. Аналитичарот Љуљзим Хазири од Асоцијацијта за демократски иницијативи вели дека во земјава не се користи.

„Речиси сите досегашни реакции преземени во насока на имплементирање на заложбите од Рамковниот договор
Протести во организација на албанските НВО на 10 мај
биле со половични, со недоверба, со чувство за позиција губитник, од тука ваквите акции се гледаат со скепса како на пример и новата армија на државни службеници кои седат дома токму како резултат на оваа недоверба.“

Еден од креаторите на Рамковниот договор, професор Владо Поповски вели дека меѓуетничките односи се релативно добри, нема конфликтност ниту тензичност. Тој додава дека и опозициските партии од албанскиот блок во последно време не се многу критички настоени кон владината политика по ова прашање.

„Да е затишје пред бура ќе има многу облаци или е таа да речеме е во околината, па ја очекувате. Има некои трендови, а во Македонија треба да има некои настани коишто можат да ги изместат позициите на политичките актери, многу крупни настани коишто ќе зафатат во интересите на граѓаните.“

Хазири смета дека смета дека во престојниов период постои можност за влошување на состојбите.

„Немањето смелост за изнаоѓање на решение за спорот со името, а со тоа и отварањето на вратите за евроатлантските интеграции кај албанската етничка заедница се гледа со нетрпение. Ова отвара можност и за други порадикални, порешителни опции кои можат утре да се појават на политичката сцена.“
Нема елементи за нивна клучна дестабилизација


Хазири додава дека меѓуетничките односи не се на приоритетната листа на власта. Поповски, пак е со поинаков став.

„Нема елементи за нивна клучна дестабилизација, ниту има најави дека доколку на пример во ноември не биде Македонија примена во НАТО или не биде решено, дека етничките заедници ќе ја откажат политичката соработка и слично. Имаме обратни изјави, дека практично ќе работат на стабилноста и оддржливоста на Република Македонија.“

Во едно се согласни експертите, есенва не очекува нова политичка борба за власт која граѓаните нема да ја подржат масовно.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG