Достапни линкови

Горештината ги празни џебовите на пазарџиите


Поради високите температури кои со денови се искачуваат околу 40-от степен, многу бргу скапуваат овошјето и зеленчукот по пазарите.

Горештината ги остава продавачите на зелените пазари со празни џебови. Од високите температури кои со денови се исклачуваат околу 40-от степен, за ден скапува овошјето и зеленчукот по пазарите. Ова ги принудува земјоделците да ги намалуваат цените на
Оваа температура негативно делува врз зелените производи, па заработувачката е никаква. Зеленчукот скапува. Претходно имаше дождови, сега високи температури, резултатот е
негативен.
земјоделските производи. Наместо по тезгите, се повеќе се полнат кантите за одпадоци со скапни домати, пиперки и друг зарзават на битолскиот пазар. Посебно во паника се препродвачите кои реагираат дека нема да ги извадат ни парите кои ги вложиле за да ги набават производите.

„Оваа температура негативно делува врз зелените производи, па заработувачката е никаква. Зеленчукот скапува. Претходно имаше дождови, сега високи температури, резултатот е негативен. Многу малку траат производите во споредба со периодот кога условите се нормални.“

Илустрација: Пазар

„Платено е 25 денари, го продаваме 10 денари. Со која цена работиме? Нормално дека ќе скапува на овие температури. Да задржи ден-два или три, може да има некаква толеранција, а вака 30 дена со температура од 40 степени ништо не може да издржи. Ги чуваме во магацини, но ни тоа не вреди. Без клима и комори не можеш да опстанеш.“

„Ние скапуваме, а камоли зеленчукот. Не трае ова, па сме во загуба. Ако денес не се даде до вечер, утрото се фрла. До лани немавме
Ние скапуваме, а камоли зеленчукот. Не трае ова, па сме во загуба.
толку загуба, не фрлавме многу, а годинава многу фрламе. Кога гледаме не оди ги спуштаме цените, иако сме во загуба барем да извадиме нешто.“

На битолскиот пазар зелени производи продаваат околу стотина тезгаџии. Доколку продолжи зголемувањето на температурата и во идните години, големи штети ќе претрпат градинарските производи. Приносите и квалитетот ќе бидат намалени, а земјоделците ќе мораат да се преориентираат кон други поиздржливи производи или, пак, да создадат поадекватни услови за чување на зеленчукот и овошјето, па дури ако треба и во климатизирани магацини.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG