Достапни линкови

Работнички маки


Експлоатација на вреднувањето на трудот за малкуте работници кои работат и армија невработени и стечајци кои секојдневно се борат за животна егзистенција

Тешко е да се биде работник во овие години во Македонија, затоа што условите за работа се застанати на некое си ниво кое што речиси заборавено, ништо не е подобрено од фамозната 90-та година кога се сруши социјализмот и кога се донесе ново уредување. Ова се согледувањата што ги регистриравме од оние кои за време на трансформацијата на фирмите со општествено државен капитал остана без работа.
Фабриките се доведоа до ниво на распад. Најголема експлоатација има во вреднувањето на трудот. Работниците ако земеме во просек се со многу ниски примања и тешко крпат ден
со ден.


„Фабриките се доведоа до ниво на распад. Најголема експлоатација има во вреднувањето на трудот. Работниците ако земеме во просек се со многу ниски примања и тешко крпат ден со ден“, вели Александар Велинов, работник

Протестите на стечајците, незадоволниците и изманипулираните стана секојдневие во Македонија, што пак, партиите го користат за да поентираат токму на маката на оваа категорија на луѓе. Претседателката на „Унит“, и една од најгласните стечајни работници Лилјана Ѓеоргиевска со критика до власта, но и со резрва кон опозицијата која сака да се покажа како партија која има разбирање за нивните пороблеми.

„За жал манипулираат, дошле до опозиција, ветуваат брда и долини, но кога ќе дојдат на власт оди многу тешко или не делат или ништо не даваат, што е најлошо.“

Во борбата за егзистенција и подобр животен стандард успеа Стојан Стојанов. Водачот на стечајците кои пред две години со владата потпишаа договор со кои премиерот беше обврзан да ја обезбеди иднината на работниците кои имаат 25 години работен стаж од оваа временска дистанца вели:
За жал манипулираат, дошле до опозиција, ветуваат брда и долини, но кога ќе дојдат на власт оди многу тешко или не делат или ништо не даваат, што е
најлошо.

„Најголема вина има ССМ. Воопшто луѓето кога се отпуштаа од фабриките, кога остануваа на улица и не преземаа никакви мерки да бидат доследни на тие барања. Кога се донесуваа закони за правата на работниците или невработените, исто така ССМ ништо не презема.“

Социјалниот дијалог за сите досегашни влади е мисловна именка. Ветувањата на Груевски дека ќе застане во заштита на работничките права засега имаат само декларативно значење.

„Јас ги разбирам нивните барања, нивните маки и се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее во иднина да ги реши проблемите. Меѓутоа, жалам што тие се злоупотребени од СДСМ“, изјави, Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Протестите на стечајците, македонско секојдневие
Со поинаков став е Владо Бучковски од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ се обиде, преку покажувањето мускули и сила на овие стечајци да ги подели и да смета дека оние 1,700 кои беа околу Стојан Стојанов се единствени кои треба да имаат привилегии и да добиваат месечен надоместок во висина од 100 евра“, вели тој.

Проценките се дека со 12 милиони евра би се решиле проблемите на работниците кои останаа со празни џебови.
XS
SM
MD
LG