Достапни линкови

Што значи падот на БДП ?


Луѓе во банка. По падот на БДП експертите очекуваат намалување на куповната моќ
Луѓе во банка. По падот на БДП експертите очекуваат намалување на куповната моќ

Бруто домашниот производ забележува пад од 0,9 отсто. Експертите велат дека тоа е индикатор на намалување на стопанската активност и пад на куповната моќ.

Државниот завод за статистика соопшти дека бруто домашниот производ доживеал пад од 0,9 проценти во првите три месеци од годинава. Негативниот предзнак пред популарно наречениот БДП покренува неколку прашања: Што значи падот? Што го предизвика и што може да се очекува во иднина, имајќи ги предвид сегашните економски поиказатели? Економскиот аналитичар на Центарот за економски анализи Шенај Хаџимустафа ги објаснува ефектите од падот на БДП:
Намалувањето на БДП-то е индикатор дека се намалува стопанската активност на самите претпријатија. Од друга страна, пак, тоа ќе влијае негативно на куповната моќ на населението.


„Намалувањето на БДП-то е индикатор дека се намалува стопанската активност на самите претпријатија. Од друга страна, пак, тоа ќе влијае негативно на куповната моќ на населението бидејќи значаен дел од луѓето нема да примаат плата, што значи влијае на намалување на она што може да се купи како потенцијал во самата земја.“

Шенај Хаџимустафа, аналитичар во Центарот за економски анализи
Во ваква ситуација државата треба да го прилагоди трошењето, додава Хаџимустафа:

„Тоа значи, ако претпријатијата се помалку активни, помалку даноци ќе и плаќаат на државата и автоматски јавните приходи се намалуваат.“

Падот е предизвикан од намалените побарувања, што беше последица на кризата на светските пазари, вели професорот Христо Карталов:

„Па според тоа, тоа ќе има соодветен ефект врз намалено побарување за импути во производството, за репроматеријали, за труд итн.“
Тоа значи, ако претпријатијата се помалку активни, помалку даноци ќе и плаќаат на државата, и автоматски јавните приходи се намалуваат


Владата веќе на свој начин одговори на прашањето што може да се очекува во иднина. Од власта и понатаму тврдат дека економијата годинава ќе порасне за два проценти. Експертите, од друга страна, се порезервирани. Високите каматни стапки на кредитите за домашните фирми во комбинација со досегашното домашнио задолжување на власта ја комплицираат ситуацијата, смета професорот Карталов.

„Каматните стапки отидоа до небо, претприемачите ги одложија своите очекувања, односно своите бизнис планови за во иднина и резултатот е очебиен, имаме пад на БДП и тоа ќе се одразува како што веќе гледаме, на растот на невработеноста, падот на животниот стандард, со еден збор ние уште ќе имаме ситуации во кои што ќе се случуваат сите лоши нешта во стопанството и во државата на економски план.“

Покрај БДП, се бележи и пад на индустриското производство од 0.4 проценти.
XS
SM
MD
LG