Достапни линкови

Нема пари за сметки


И квалитетното водоснабдување проблем во долненските села
И квалитетното водоснабдување проблем во долненските села

Многу жители од селата од прилепскиот регион не ги подмириле обврските во Јавното претпријатие „Водовод“. Претпријатието ги тужи, им праќаат и извршители, а жителите велат дека беспарицата е главна причина зошто не ги подмириле обврските.

Илина Адамческа од долненското село Ропотово маки мачи да ги плати заостанатите долгови за потрошена вода во јавното претпријатие за водоснабдување во Општина Долнени. Вели и тогаш и сега единствена причина што не ги плаќала сметките е беспарицата, сиромаштијата, невработеноста... Живее само од тутунопроизводство. Кога ќе ги добие парите од тутунот, еднаш годишно плаќа за неколку месеци, а потоа ги чека парите од премијата за да плати повторно поголема сума. Но, за тековно плаќање на сметките нема
Си плаќаме ако имаме, ако немаме па ќе почекаат малку, се договаравме на тутунот, не сакаат и праќаат луѓе, на пример вака извршители. Ние редовно сакаме да подмириме сметки, кој е тој што не сака, баш тие што имаат не подмируваат, а сиромавиот
ќе плати.
пари, зашто се бори да го зачува секој денар за да го прехрани семејството. Синовите се возрасни вели, но без работа.

„Си плаќаме ако имаме, ако немаме, па ќе почекаат малку, се договаравме на тутунот, не сакаат и праќаат луѓе, на пример вака извршители. Ние редовно сакаме да подмириме сметки, кој е тој што не сака, баш тие што имаат не подмируваат, а сиромавиот ќе плати. Парите од тутунот, нека е од година на година на тутунот ќе си плаќаме и вода и струја, а секој месец, ете ги двајцата се невработени“, вели Адамческа.

Сметките не ги плаќал редовно ниту Назим Ахметовиќ од Лажани. Тој тврди дека половина од долгот од околу 1000 евра за период од речиси 10 години не е реален, зашто водомерот често броел кубици, но на празно. Водомерот, вели, врти поради притисокот што се создава при отворање на славините од кои не тече со месеци капка вода.

„И овој касиерот кога ќе дојде ќе го гледа саатот и многу потрошувачка... нема проблем, потрошувачка, да, еве сега да пуштиме чешми, капка вода нема“, реагира Ахметовиќ.

Но, наспроти овие, граѓаните од Житоше кои редовно ги плаќаат сметките секој месец, бараат и другите семејства да го намируваат долгот, зашто велат не сакаат поради нечија несовесност да се доведе во прашање квалитетното водоснабдување во
И овој касиерот кога ќе дојде ќе го гледа саатот и многу потрошувачка...нема проблем, потрошувачка, да, еве сега да пуштиме чешми, капка вода
нема.
селото.

„Треба да се платат сметките редовно, имаме квалитетна вода.“

„Нема да има вода, а без вода не може да се живее и би требало, на сите им порачувам да ја платат водата“, велат Рушан Рушани и Адис Исеиноски и двајцата од Житоше.

Наспроти овие реакции на жителите од долненските села, од јавното водостопанско претпријатие велат дека нема да има толеранции за неплаќачите. Затоа масовно се поднесуваат тужби за несовесните корисници. На суд се 50, а се подготуваат нови тужби за сите кои должат повеќе од 15.000 денари.

„Сега припремаме некаде околу 200 тужби, опфајќајќи ги сите населени места, не да речам комплетно да бидат тужени сите што не платиле, меѓутоа имаме една селекција направено, поголемите износи се тужени, а потоа на 15.000 денари кои немаат платено“, вели Аднан Мехмети, директорот на водостопанското претпријатие.

Тој истакнува дека примената на оваа непопуларна мерка ќе продолжи секој месец, се додека сите оние кои не склучиле договор за исплата на долгот на рати, не ги намират своите обврски. А, потоа ќе се инсистира на исплата „месец за месец“. Ова е единствен начин, како што велат надлежните, да се обезбеди квалитетно водоснабдување и промена на старата азбестна мрежа со нови, современи водоводни цевки според еко-станрадри кои се гаранција за висок квалитет на водата.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG